15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски спомена и „надворешни мешања“ по студентскиот протест

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема дилема околу поддршката на правото на протест, но нагласи дека му пречи кога демонстрантите ги прекршуваат законите.

„Јас секогаш поддржувам протести, демократско право е да се поддржат протести и тука немам никаква дилема. Мене лично ми пречи што протестантите кои се правници кои се борат за право го прекршуваат законот, да речеме законот за знамињата, законот за државната химна, уставот и така натаму“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека нема да ги коментира навредите упатени за време на протестите.

„Ајде навредите нема да ги коментирам, тоа е сè под домашно воспитување што во првите седум години од животот се стекнува“, изјави тој.

Мицкоски рече дека нема да го коментира ниту насилниот инцидент што се случил, како и, според него, „надворешните мешања во внатрешните работи на Македонија од надворешни фактори“.

„Тоа сè ќе го оставиме како фолклор“, додаде премиерот.

Тој посочи дека Владата работи на трајно решение за проблемите поврзани со барањата на студентите.

„Ние сме одговорна Влада, проблемите се за да се решат. Решивме стотици проблеми, така и овој ќе биде решен“, рече Мицкоски.

Во изјавата, премиерот ја обвини и Демократска унија за интеграција дека во изминатите 20 години не ги решила овие прашања.

„Имаа можност во изминатите 20 години да ги решат овие прашања и за жал ништо не направија, а решаваа лични прашања. Ако споредите, од голтари станаа милионери на грбот на националните пароли и на грбот на луѓето кои мака мачат како од први до први да го поминат месецот“, изјави Мицкоски.

Related posts

Пченицата поскапе 6,3%: Дали следен на удар е лебот во Македонија?

admin

Бугарски аналитичар: Наместо блокади, Бугарија треба да се бори против македонизмот

admin

Репортажа на FORBES: Вината на Северна Македонија, објаснети од експерт

admin

Рубио тврди: Мадуро не е претседател, туку шеф на нарко-картел

admin

СДСМ и ДУИ бараат истражни комисии за Кочани

admin

АзА ја поздрави одлуката на САД за Рамиз Мерко

admin