9.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Рајков: Скопје им губи време на граѓаните со одложување на уставните измени

Бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Марин Рајков оцени дека „одредени кругови во Скопје“ се подготвени да го одложуваат европскиот пат на Северна Македонија, наместо да ги исполнат условите за продолжување на преговорите со Европската Унија.

Во интервју за БНТ, Рајков рече дека уставните измени и гаранциите за правата на Бугарите во Северна Македонија се клучен услов за напредок во евроинтеграциите.

„Слушајќи ги изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека со децении нема да дозволи да се исполнат условите за отворање на преговорите, сфаќам дека одредени кругови во Скопје се подготвени да им изгубат уште време на македонските граѓани“, изјави Рајков.

Тој оцени дека прашањето не треба да се третира како билатерален спор меѓу Софија и Скопје, туку како проблем меѓу Северна Македонија и Европската Унија.

Рајков изјави дека повеќе од 210.000 граѓани од Северна Македонија со документи докажале бугарско потекло, што, според него, покажува дека станува збор за „значајна група“ чии права мора да бидат гарантирани.

Тој го критикуваше и предложениот акциски план за правата на заедниците, велејќи дека претставниците на бугарската заедница веќе го отфрлиле бидејќи не нуди ефективна заштита од повреди на нивните права.

„Да се тврди дека има билатерален проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија е исклучително манипулативно. Проблемот е меѓу Скопје и ЕУ, односно во неисполнувањето на преземените обврски“, рече Рајков.

 

Related posts

Македонската влада под лупа: Ристоска и Гајдова бараат објаснување за одбивањето на кандидатурата за судија во Стразбур

admin

ВИДЕО | Спектакуларен гол на Барди донесе реми на Северна Македонија 1-1 со Италија

admin

Слави Трифунов, ИТН: Бугарија ќе реагира секогаш кога правата на Бугарите во ‘таканаречената држава Северна Македонија’ се загрозени

admin

Колку криминалци барани со потерница се шетаат низ земјата?

admin

Паѓа поддршката за членство во ЕУ, младите се евроскептични

admin

Демири го напушта Села, ќе дејствува како независен пратеник

admin