10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филков: Македонскиот јазик е обврска, не пречка

Министерот за правда Игор Филков изјави дека македонскиот јазик е уставна вредност и обврска за функционирањето на државата, реагирајќи по протестот на албанските студенти во Скопје кои бараат правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик.

„Правото на протест е демократско, но никој нема право преку насилни протести да бара рушење на критериумите и стандардите во судството“, порача Филков.

Тој додаде дека Министерството за правда останува отворено за институционален дијалог, но нема да дозволи, како што наведе, девалвација на правниот систем и поткопување на улогата на македонскиот јазик како столб на државноста.

„Македонскиот јазик не е пречка. Тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирањето на државата“, изјави Филков.

Реакцијата следува еден ден по протестот во Скопје, на кој илјадници албански студенти и граѓани побараа правосудниот испит да се полага и на албански јазик.

На протестот присуствуваа и студенти од Косово, а дел од учесниците носеа албански знамиња и транспаренти со пораки за јазична рамноправност.

Во меѓувреме, реакции пристигнаа и од политички претставници од регионот. Бившата претседателката на парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, која беше и министерка за надворешни работи, оцени дека еднаквоста на Албанците во Северна Македонија не смее да се третира како политички компромис.

Поддршка за студентите изрази и амбасадорот на Албанија во Северна Македонија, Денион Меидани, кој порача дека барањето за достоинство не претставува закана.

Related posts

Пратеничката на ВЛЕН ѝ одговори на критиките на Таравари со видео од 2021

admin

ИСТРАЖУВАЊЕ НА РСЕ: Што ги обединува српските и романските ултранационалистички групи?

admin

Води ли сметка државата за нашинците? Од 20.500 иселеници заинтересирани за гласање во 2011-та, тој број падна на 2.571

admin

„Потписот на Трамп не вреди ништо“: Врховниот лидер на Иран со жесток напад кон САД

admin

Муцунски бара ЕУ да седне на масата со Скопје и Софија: Бугарија веднаш одговори

admin

Приведени три крадци од Куманово

admin