18.8 C
Скопје
10 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Здравјето нема цена: Закон што може целосно да ја смени културата на пушење во Македонија

Македонското Собрание во прво читање го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, со кој се предвидуваат построги правила за пушење, рекламирање и продажба на тутунски и никотински производи, со посебен акцент на заштитата на децата и младите.

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека законот претставува важен чекор кон зајакнување на јавното здравје и усогласување на регулативата со новите производи на пазарот, како што се електронските цигари, загреаните тутунски производи и другите никотински производи.

Според Министерството за здравство, употребата на тутун е поврзана со повеќе од 3.600 смртни случаи годишно во земјата, додека економските загуби од последиците на пушењето се проценуваат на над 600 милиони евра годишно.

Податоците покажуваат дека 13,6% од младите на возраст од 13 до 15 години користат тутунски или никотински производи, 57% од учениците се изложени на пасивно пушење во затворени јавни простории, а 73% од младите пушачи изјавиле дека можеле да купат цигари без да бидат ограничени поради возраста.

Предлог-законот предвидува појасни правила за пушење на тераси и во јавни простори, дополнителна заштита во здравствените, образовните и детските установи, ограничувања за пушење во присуство на деца, како и целосна забрана за рекламирање и промоција на тутунски и никотински производи, вклучително и преку интернет и социјалните мрежи.

Алиу рече дека законското решение е подготвувано преку консултативен процес во кој биле вклучени претставници на тутунската индустрија, угостителскиот сектор, државните институции и инспекциските служби.

Предлог-законот сега продолжува во натамошна собраниска процедура пред конечното усвојување.

Related posts

Колку провизии ви земаат бснките? Сега може да проверите онлајн

admin

Коридорот се лизга на лушпа од бањички кромид

admin

Бугарија чека влада, македонската влада – соговорник

admin

РУСКИ РАКЕТИ ПОГОДИЈА ЦЕЛИ ВО ПОЛСКА, ДВЕ ЖРТВИ

ninja

Му влегле во куќата, физички го нападнале и му ги одзеле парите

admin

Почина Сем Нил, легендарниот актер од „Jurassic Park“

admin