35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кошта од Тирана порача дека проширувањето е геостратешка потреба

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта изјави во Тирана дека проширувањето на Европската унија претставува геостратешка потреба за Европа и ја пофали Албанија за напредокот во пристапните преговори, додека македонскиот премиер Христијан Мицкоски пред неговата посета на Скопје повтори дека Владата нема да поддржи уставни измени без јасни гаранции за членство.

На заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, Кошта оцени дека ЕУ останува најголем инвеститор, трговски партнер и најсигурен сојузник на Западен Балкан.

Тој ја поздрави одлуката на Албанија да ги продолжи реформите во областа на владеењето на правото и независноста на судството, нагласувајќи дека борбата против корупцијата и организираниот криминал останува клучен услов за напредок кон членството.

„Проширувањето е инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на Европа. Во време на глобална геополитичка и економска неизвесност, тоа претставува геостратешка потреба за Европската унија“, изјави Кошта.

Тој додаде дека Самитот ЕУ–Западен Балкан, кој ќе се одржи во петок во Тиват, ќе биде јасен сигнал за посветеноста на Унијата кон интеграцијата на регионот.

Посетата на Кошта на Скопје доаѓа во време кога евроинтегративниот процес на Северна Македонија останува блокиран поради спорот со Бугарија и условот за внесување на Бугарите во Уставот.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека позицијата на Владата останува непроменета и дека нема да прифати чекори без јасна гаранција за конечниот исход на процесот.

„Немам намера како премиер да поддржам авантура. Сакаме да го изодиме европскиот пат, но без извесен крај не можеме да влеземе во процес кој граѓаните го гледаат веќе три и пол децении“, изјави Мицкоски.

Тој оцени дека за да се врати довербата во процесот потребни се конкретни сигнали и чекори од Софија.

„Најмалку што можеме да добиеме се нови заклучоци кои ќе ја потврдат довербата. Ние сме подготвени за разговори, но прво треба да видиме испорака од другата страна“, рече Мицкоски.

Според агендата на посетата, Кошта попладнево ќе има тет-а-тет средба со премиерот Мицкоски, по што ќе следат разговори меѓу делегациите на Европскиот совет и македонската влада.

Во фокусот на средбите се очекува да бидат евроинтеграциите, реформската агенда, регионалната соработка и безбедносните прашања на Западен Балкан.

Related posts

Изборна еуфорија стивнува, бројките откриваат апатија и рекорден број неважечки ливчиња

admin

ЕУ се подготвува за војна – и овој француски брод е врвот на копјето

admin

Меџити: Арсовска да се фокусира на своите надлежности, следува пријава за лажни тврдења

admin

Мицкоски и Сиљановска-Давкова: Владата инвестира во инклузија и економска шанса за Ромите

admin

Косовската пратеничка Дуда Баље: Ми понудија професорско место во Скопје да ја гласам Албулена Хаџиу

admin

Повторно нема терапија за онколошките пациенти – утре протест пред Министерството за здравство

admin