27.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАНАУКАРЕПУБЛИКА

Македонија влегува во европската АИ-лига: Што ќе донесе „Везилка“?

Северна Македонија официјално го промовираше проектот „Везилка“ – национална платформа за вештачка интелигенција, преку која домашните истражувачи, компании и институции ќе добијат пристап до европски суперкомпјутерски капацитети и алатки за развој на напредни дигитални решенија.

Проектот, вреден околу 6,2 милиони евра, се реализира од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во партнерство со Министерството за дигитална трансформација и е кофинансиран од Европската Унија преку програмата „Хоризонт Европа“ и иницијативата EuroHPC.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека „Везилка“ претставува инвестиција во знаење, иновации и економски развој, која ќе овозможи Македонија да биде поактивен учесник во европските технолошки процеси.

„Везилка е почеток на процес што ќе придонесе за посилна наука, подобра економија и поголеми можности за младите луѓе. Тоа е можност иднината да се гради дома, со домашен потенцијал, експертиза и визија“, рече Мицкоски.

Тој посебно го нагласи значењето на развојот на македонски јазични модели и дигитални алатки на македонски јазик, оценувајќи дека присуството на јазикот во дигиталната ера е прашање на културен континуитет, научен развој и национална самодоверба.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека целта е Македонија да не биде само корисник на новите технологии, туку и нивен создавач.

„Нашата визија е вештачката интелигенција да стане алатка за поефикасна администрација, поголема транспарентност и поквалитетни услуги за граѓаните. Ова не е краткорочен проект, туку системска трансформација“, рече Андоновски.

Амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, оцени дека „Везилка“ ја претставува влезната точка на Северна Македонија во европскиот екосистем за вештачка интелигенција, кој вклучува мрежа од 19 фабрики и 13 антени за вештачка интелигенција низ Европа.

Раководителот на проектот, професорот Димитар Трајанов, посочи дека еден од најголемите предизвици ќе биде создавањето доволно дигитални податоци на македонски јазик за развој на современи модели на вештачка интелигенција.

„Количеството дигитални податоци на македонски јазик е многу мало и тоа мора да се промени. Везилка треба да ја има централната улога во тој процес“, рече Трајанов.

„Везилка“ е поврзана со грчката европска АИ-фабрика „Фарос“ и ќе овозможи пристап до суперкомпјутерот „Дедалус“, напредни податочни простори и инфраструктура за развој и тестирање на модели на вештачка интелигенција.

Related posts

Балкански лидери се приклучуваат на мировната иницијатива на САД за Газа

admin

Драконска казна за медиумскииот магнат и британски државјанин Џими Лаи

admin

Филипче: ЗНАМ веќе не постои

admin

ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ГАЛИЧНИК 2023: Колонизација/Деколонизација на природата

admin

Поделбите околу Иран ја тестираат кохезијата на НАТО

admin

Трамп даде ултиматум, Иран е подготвен за соработка

admin