17.8 C
Скопје
25 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нов пресврт за Изборниот законик: Премиерот нуди компромис на опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата да ги повлече блокадите на предложените измени на Изборниот законик, нудејќи прифаќање на дел од нивните амандмани со цел да се обезбеди усвојување на законските измени кои, според Владата, се дел од реформската агенда на земјата.

Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски оцени дека опозициските партии се обидуваат да го блокираат процесот на реформи, иако, како што наведе, измените на Изборниот законик со месеци биле предмет на договори меѓу политичките субјекти.

„Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори“, напиша премиерот.

Тој понуди компромисно решение, предлагајќи опозицијата да поднесе амандмани поврзани со начинот на заокружување и поднесување приговори, кои, според него, владејачкото мнозинство би ги прифатило веднаш, доколку останатите амандмани бидат повлечени.

„Предложете амандмани со кои барате корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори. Веднаш ќе ви ги прифатиме. Повлечете ги другите амандмани и да го изгласаме Изборниот законик“, порача Мицкоски.

Премиерот истакна дека електронското гласање на дијаспората претставува неопходна модернизација на изборниот процес и оцени дека опозицијата има можност да покаже поддршка за европските реформи преку усвојување на законот.

СДСМ претходно најави дека ќе го блокира донесувањето на Изборниот законик, тврдејќи дека предложените решенија отвораат простор за злоупотреби и контрола на изборниот процес, додека Левица соопшти дека нема консензус за повеќе клучни прашања, вклучително и електронското гласање на дијаспората.

Измените на Изборниот законик се дел од реформската агенда поврзана со европските интеграции и пристапот до средствата од Планот за раст на Европската унија.

Related posts

Собир пред српскиот конзулат во Куманово – поддршка за Александар Вучиќ

admin

Апасиев: Коцевски е симбол на корупцијата и партиската правда

admin

Пластичните кеси и пластичната амбалажа полека заминуваат во историјата

admin

Нова криза во односите меѓу Македонија и Бугарија

admin

Нафтата отиде над 118 долари – економијата пред колапс

admin

Американските инвеститори „Аптив“ и „Дура“ заминуваат од С.Македонија

admin