2.8 C
Скопје
24 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИКУЛТУРАНАСЛОВНА

„Амбиент” на Зоран Иванов осамна во Конгресната библиотека во главниот град на САД

На македонскиот рафт во конгресната библиотека во главниот град на САД, осамна и една од осумте книги од серијалот „Амбиент” на доајенот на македонското новинарство Зоран Иванов.

Конгресната библиотека е најстарата културна институција во САД и е најголемата во светот. Поседува над 32 милиони одбрани авторски книги селектирани според нејзините строги квалитативни критериуми. 

Сместена е во три зданија во централниот дел на Вашингтон наречен Кпитол хил, на територијата на владиниот комплекс спроти американскиот Капитол.

Серијалот од досега осумте книги на Зоран Иванов, преставуваат автоирска новинарска хронологија кој го опфаќа периодот од распадот на Југославија, осамостојувањето на Македонија и нејзните три ипол децениските трауматични транзициските премрежија.

Зоран Иванов е пет ипол децении новинар, уредник, водител во Радио и Телевизија Скопје, Тв Сител, Старт, Утрински весник, МИА, Тв Алфа, Тв 24, Веб порталите Инбокс 7, Нова Тв, а новинарски текстови објавува и во повеќе други електронски и пишани медиуми и е добитник на сите високи еснафски и државни награди за новинарство.

Книгата „Аамбиент” на Зоран Иванов, архивирана, нумерирана и депонирана во Конгресната библиотека во Вашингтон, е престижно меѓународно признание за авторот и воопшто за македонското новинарство.

 

                                                                      

Related posts

„Тројански коњ на Балканот“ – нова ескалација меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

admin

Милошоски бара шпанска помош за спорот со Бугарија – дали Мадрид ќе отвори нов пат кон ЕУ?

admin

Дали Заев гради кула од 82 ката во Дубаи?

admin

ДУИ најавува документи и пријава за трагедијата во Кочани

admin

КУРТИ: ЗГОЛЕМЕНИ СЕ ЗАКАНИТЕ НА СРБИЈА ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА КОСОВО

ninja

Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени

ninja