11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Од полноќ нов удар по џебот – дизелот и бензините драстично поскапеа

Цените на горивата во Македонија повторно се зголемија, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново поскапување на бензините и дизелот, што според дел од медиумите претставува најголем раст од почетокот на кризата на Блискиот Исток.

Според новата одлука, цената на бензинот од 95 октани се зголемува за 2 денари по литар, додека бензинот од 98 октани и дизелот поскапуваат за 2,5 денари.

Регулаторната комисија соопшти дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 1,84 проценти.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 2.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 87.00 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за 2.50 денари за литар. Еден литар 98-откански бензин ќе чини 89.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 92.00 денари.

Дел од медиумите оценија дека бензините практично го достигнале ценовниот плафон во актуелниот период, додека аналитичарите предупредуваат дека растот на цените на енергенсите може дополнително да влијае врз инфлацијата и транспортните трошоци.

Поскапувањето доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток и раст на цените на суровата нафта на светските берзи.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираа дека новите цени дополнително ќе го оптоварат домашниот буџет, особено пред почетокот на летната сезона и зголемените патувања.

Од бизнис-секторот предупредуваат дека секое ново зголемување на цените на горивата директно се одразува врз транспортот, храната и услугите, што може да предизвика дополнителен притисок врз цените во наредниот период.

Related posts

Цингел: На ЕУ и се брза, но Србија го чека исходот од изборите во САД

admin

Нон-пејперот не носи спас од уставните измени, порача евроамбасадорот

admin

Стоилковски до Османи: Земи креда и со големи букви напиши – УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА

admin

НАТО: НЕМА ДОКАЗИ ЗА НАПАД ОД РУСИЈА ВРЗ ПОЛСКА

ninja

Критики во ЕУ: Судирот со Орбан може да му помогне на изборите во Унгарија

admin

САД, ЕУ и Британија бараат почитување на пресудата за Тачи и другите лидери на ОВК

admin