18.6 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Успеа иницијативата за надзорна расправа за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани

По два неуспешни обиди, третата иницијатива за надзорна расправа за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани беше усвоена на седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, иницирана од опозициската партија Левица.

Седницата, со која претседава пратеникот Димитар Апасиев, помина без присуство и поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и партијата ЗНАМ. Сепак, деловничките правила овозможија иницијативата да се изгласа со една третина од членовите на Комисијата.

„Јавноста и граѓаните на Кочани заслужуваат одговори за сите нејаснотии и сомнежи околу селективноста на истрагата. Очигледно е дека се штитат лица блиски до власта,“ соопштија од Левица, додавајќи дека институциите реагираат само под притисок на јавноста.

Поддршка за иницијативата најавија и пратениците од СДСМ и Европскиот фронт. Тие обвинија дека наместо вистина, граѓаните и семејствата на жртвите добиле политички манипулации и затвореност од страна на властите, кои, според нив, дејствуваат под „владин диктат“.

„Ниту еден владин функционер не сноси одговорност, ниту правна, ниту морална,“ посочија од Европскиот фронт.

Левица истакна дека токму владејачкото мнозинство требало да ја иницира расправата, наместо, како што наведоа, да организира затворени трибини во услови на општествена вознемиреност.

„Оваа надзорна расправа е политички и морален императив. Никој кој дозволил дискотеката на смртта да работи не смее да биде поштеден од одговорност,“ стои во соопштението на Левица, кое завршува со најави за натамошен ангажман во барањето правда за случајот кој ја потресе цела земја.

Related posts

Зошто првата сопруга на Илон Маск не е ниту блиску до статус на милијардерка

admin

Дали владите треба да користат вештачка интелигенција за да ја реформираат државата?

admin

Државата ги „опари“ партиите

admin

Патот од Тетово до Призрен децениско ветување како пругата до Бугарија

admin

ВЛЕН: Пуштањето во употреба на делницата од Коридорот 8 е доказ за новата динамика и транспарентност

admin

Палењето на автомобилот на Груби, реагира АзА

admin