13.8 C
Скопје
26 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Мицкоски најави решение за албанскиот јазик на правосудниот испит

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека е подготвен да се разговара за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит, нагласувајќи дека секоја заедница има право да напредува и да го користи својот јазик во рамките на Уставот и законите.

Говорејќи во црквата „Света Софија“ во Охрид, на свечената академија по повод Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, Мицкоски рече дека образованието е клучот за развојот и дека дебатата треба да се води без политички и националистички тензии.

„Колку и да нè повлекуваат дневните теми, важно е да им се посветиме на некои од нив. Подготвен сум да помогнам во секој процес што би значел подобро и посилно образование“, изјави Мицкоски.

Тој оцени дека силното образование претставува „врата на можности и спас“ за секој граѓанин.

„Немам никаква пречка да се разговара за темите што денес се актуелни и секоја заедница да има право да напредува и да го користи својот јазик, се додека тоа е во рамките на Уставот, законите и додека се почитува нашиот идентитетски печат – македонскиот јазик“, рече Мицкоски.

Премиерот најави дека „многу брзо“ може да се дојде до решение што, како што рече, „сите треба да го поддржат“.

Според него, потребно е да се надминат партиските и политичките интереси и да не се дозволи темата да стане „националистичка замка“.

„Историјата нè учи дека таквите замки се најдобар метод за оние што имаат лични криминални или други интереси и кои редовно се кријат зад вакви теми за да ја злоупотребат соживотот“, додаде Мицкоски.

Related posts

СДСМ пред Конгрес – борба за лидерство или тест за опстанок

admin

Германски изборни резултати во графикони

admin

Нова чувствителна тема меѓу Скопје и Белград: Мицкоски не сака полемика со Вучиќ

admin

Мицкоски оди во Тиват по новата формула за ЕУ: Нема отстапки за македонскиот идентитет

admin

Политиката не е најважна: Партиите што сакаат да дојдат на власт да се фокусираат на економијата – бараат бизнисмените во пресрет на изборите

admin

282 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОПЕРАЦИОНИ САЛИ: Владата вели „модернизација“, дали здравството конечно се менува?

admin