36.5 C
Скопје
30 јуни, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Премиерот прави планови за иднината со европски политичари кои немаат иднина

Пишува: Денко Малески

Зарем ништо не научивме? Во моментот кога, во јануари 1992, означувајќи го крајот на Конференцијата за Југославија организирана од ЕЗ, беа објавени заклучоците на Арбитражната комисија во кои се повикуваше ЕЗ да ги признае Македонија и Словенија за независни држави, а Грција стави вето, додека Германија ги призна Словенија и Хрватска, се соочив со суровата реалност на меѓународната политика дека сојузите се формираат за да ги бранат интересите на своите членки. Кажано со зборовите на актуелниот македонски премиер Мицковски во неодамнешното интервју: Одлуките во ЕУ се носат со консензус. Како истражувач на меѓународната политика, брзо се префрлив од правниот на политичкиот колосек.

Настаните во федерацијата зафатена од етнички војни и положбата на Македонија како недефинирана територија, бараа бргу да се прилагоидуваме на новите состојби: дека интересите и моќта доминираат врз правото.

Всушност, да се ослободиме од илузииите на либералната идеологија во прилог на универзалните вистини збиени во единаесетте зборови на Тукидид: Силните го прават она што можат а салбите она што мораат. Мислењето на Арбитражната комисија беа јасен доказ дека претставниците на идната независна држава Македонијана сториле ама баш се во согласност со новата демократска идеологија за „новиот светски поредок“ на владеење на меѓународното право и на демократските принципи. Но, таа победа ни покажа дека во меѓународната политика безмалку се е политика, другото име за интереси и моќ.

А, сепак, одлуката на Арбитражната комисија сесрдно ја користевме во сите дипломатски контакти.Таквата комбинација на правото и политиката не доведе до мирољубивото осамостојување и до членство во ОН, тогашната единствена стратешка цел.Компромисите, пак, беа составен дел на таа политика.

Денес имаме своја држава, нема меѓуетнички војни во регионот, меѓуетничките односи дома се, горе долу,во ред, членка сме на НАТО, кандидат за членка сме во ЕУ, па самите околности не го наметнуваат чувство на ургентност кај актуелните политичари. Се спомнува „маратон“за да победимке во трката за нашето „загубено“ достоинство и децениска борба која не чека во спорот со Бугарија… Оваа, да ја наречем, лежерност на актуелната политичка гарнитура може скапо да не чини зашто се базира врз погрешни проценки на меѓународната ситуација и врз натамошно инсистирање на „правната стратегија“ кога е јасно дека само “политичката“(дипломатијата,преговори, компромиси) е лекот. Згора на тоа, македонските политичари како да не ги гледаат драматичните промени во светската политика кои како да сугерираат дека трката за Европа е дамна изгубена за Македонија, зашто ЕУ е на прагот на фундаментални промени. Промени кои можат да доведат до нејзино исчезнување како сојуз во формата која ја знаеме. Ако е точно дека американската либерална империја е во распаѓање, тогаш ниту судбината на ЕУ, нивниот повоен мировен проект, не е розева. Во моментот нашите политичари имаат работа со тип на европски политичари кои се растени во американската ера и кои исто како и нашите, не разбираат дека либералниот хегемон ја напушта таа улога во Европа и во светот. Премиерот Мицковски прави планови за иднината на нашата држава со политичари кои немаат иднина, со германскиот канцелат Мерц и францускиот претседател Макрон. И двајцата се крајно непопуларни кај своите народи и ,во наредната годин-две, се прогнозира дека ќе бидат збришани од политичката сцена. Оние што ќе дојдат, пак, имаат радикално поинакво гледање на ЕУ, на однсите кон Русија, со Америка и со Кина и, зошто не, и кон проширувањето.

Само да не се случи дека маратонот кој сме го почнале со сегашните европски политичари, согласно нивните пресметки, повеќе да не важат за новите политичари кои ќе ги заменат на позициите на власт .И така, на тешкиот начин да дојдеме до горкото сознание дека сме ја избрале погрешната дисциплина. Дека спринтот кон ЕУ, а не маратонот, бил нашата последна шанса во 2026 година.Времето ќе каже. (Либертас)

Related posts

Палењето бугарски коли може да ја изгори само Македонија

admin

Што значи победата на Ердоган за Северна Македонија и регионот?

admin

Албанска Левица

admin

УРБАНИ ПРИКАЗНИ: ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ КОЈ ГО ПОТТИКНУВА КУЛТУРНИОТ ИДЕНТИТЕТ

admin

Дали по заканите за „Голема Србија“ наскоро ќе следат дела?

admin

Монте Карло? Зошто да не? Псе јо?

admin