9.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ ги оспори анкетите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува за манипулација со јавноста

СДСМ ги отфрли резултатите од анкетите нарачани од ВМРО-ДПМНЕ, според кои владејачката партија има поддршка од 25,2 проценти, оценувајќи дека станува збор за обид за манипулација на јавноста.

Од опозициската партија прашаа дали растот на рејтингот на премиерот Христијан Мицкоски е резултат на зголемените цени, ниските плати, новото задолжување на државата или, како што наведуваат, неисполнетите изборни ветувања.

„Дали затоа што растат цените во маркетите, продавниците и на пазарите расте и рејтингот на Мицкоски? Или затоа што работниците имаат најниски плати во Европа и најниска минимална плата во регионот?“, прашуваат од СДСМ.

Партијата ја критикуваше и политиката на Владата во однос на евроинтеграциите, оценувајќи дека земјата се соочува со неизвесна европска перспектива, додека истовремено се најавуваат можни предвремени избори.

СДСМ исто така ги спореди анкетите со, како што наведуваат, предизборните истражувања во Унгарија, тврдејќи дека и таму дел од анкетите покажувале предност за власта која подоцна не се потврдила на изборите.

Реакцијата следува откако ВМРО-ДПМНЕ објави резултати од анкети спроведени во мај, според кои партијата има поддршка од 25,2 проценти, пред СДСМ со 8,6 проценти, ДУИ со 8,1 процент, коалицијата Вреди со 6,8 проценти, Левица со 6,2 проценти и ЗНАМ со 2,3 проценти.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека во втората половина од мандатот ќе спроведуваат посебни анкети во сите изборни единици. СДСМ, пак, тврди дека станува збор за „платени и лажни анкети“ кои, според нив, не ја одразуваат реалната поддршка меѓу граѓаните.

Related posts

Фетаи ќе ја претставува Македонија во Брисел како специјален пратеник за ЕУ

admin

САД воведоа визи за ограничувања поради наводна дискриминација на белците во Јужна Африка

admin

Рама ја обвини опозицијата дека ја поткопува Албанија во Брисел

admin

Тачи: Кога Европскиот фронт ќе ја напушти масата за дијалог, Северна Македонија ќе се дестабилизира

admin

Порака на САД до Курти или откажување од Косово

admin

СДСМ со жесток напад: „Мицкоски му наредува на обвинителот и на празник“

admin