35.9 C
Скопје
25 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Судските службеници бараат повлекување на Предлог-законот за судска служба

Претставници на судската служба и синдикатите упатија остри критики кон Предлог-законот за судска служба на јавна расправа во Собранието во вторникот, оценувајќи дека текстот не ја подобрува положбата на вработените и не ја препознава специфичноста на судската власт.

Тие побараа законот да биде повлечен од процедура или суштински изменет со амандмани, со цел судската служба да биде третирана како составен дел од судската власт, а не како административна служба.

Христина Палчевска, член на работната група што го подготвувала законското решение, се огради од предложениот текст, наведувајќи дека тој значително се разликува од верзијата на која работела групата.

„Предлог-законот што денес го разгледуваме не е реформски, не ја унапредува положбата на судската служба и е неприменлив во пракса. Одредбите од Законот за административни службеници не можат да се применуваат во судовите“, рече Палчевска.

Претставниците на судската служба оценија дека новото решение е понеповолно од постојното и дека не нуди соодветни решенија за платите, кариерниот развој и статусот на вработените.

„Наместо да разговараме за подобрување на текстот, повторно мораме да се бориме за три основни прашања – сите вработени да бидат препознаени како судска служба, да имаат достоинствени плати и да ги добијат додатоците што им следуваат“, изјави Дијана Георгиевска од Основниот суд Скопје.

Поранешната обвинителка Фатиме Фетаи рече дека отсуството на позитивни оценки за предложените закони е показател дека тие не одат во вистинска насока.

Од друга страна, Министерството за правда го бранеше законскиот текст. Катерина Гичева од министерството изјави дека предлогот за првпат нуди системско уредување на правата, обврските и кариерниот развој на судските службеници.

„Со овој закон се воспоставува јасна рамка за судската служба и се прави разграничување меѓу судските и административните службеници“, рече Гичева.

Предлог-законот за судска служба, заедно со Предлог-законот за јавнообвинителска служба, е дел од реформската агенда во правосудството што властите ја спроведуваат во рамки на евроинтегративниот процес.

Related posts

Корупција, офшор сметки и влијание: најтешкиот тест за Зеленски досега

admin

Светот реагира заа судирот меѓу Зеленски и Трамп во Овалната канцеларија

admin

ПУТИН ВЕЌЕ ГО ИСПЛАНИРАЛ БЕГСТВОТО ОД РУСИЈА?

ninja

Судот во Колорадо му забрани на Трамп да се кандидира на изборите

admin

Тајна средба во Речица: Ќе се врати ли Зиадин Села во игра со понуда од ВЛЕН?

admin

САД изразија загриженост поради задржувањето на панамски бродови од Кина

admin