28.7 C
Скопје
25 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Телеграм и Вибер овојпат не помогнаа: Десетици матуранти фатени на дело

Околу 60 ученици биле исклучени од државната матура поради препишување, но ќе имаат можност повторно да ги полагаат испитите во августовскиот рок, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа оцени дека годинашниот матурски процес се одвивал во редовни услови и со значително помал број нерегуларности во споредба со претходните години.

„Во двата испитни термини беа евидентирани само 60 ученици кои препишувале, што претставува значителен напредок во спроведувањето на државната матура“, рече Јаневска.

Според неа, организацијата на испитите во поголеми простории придонела за подобра контрола и намалување на можностите за злоупотреби преку социјални мрежи и апликации за комуникација.

Јаневска посочи дека годинава за првпат бил применет модел со два различни вида државна матура, приспособени на наставните програми што ги следеле учениците во текот на средното образование.

„Со ова исправивме долгогодишна нееднаквост, бидејќи учениците со различни наставни програми претходно полагаа ист тип матура“, изјави таа.

Државната матура претставува услов за завршување на средното образование и за запишување на голем дел од високообразовните установи во земјата.

Related posts

Милошоски: Резолуцијата на Бундестагот е добра, е резултат на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

admin

Ќе донирате органи по смртта? Државата воведува нов систем за изјаснување

admin

САД ќе издаваат пасоши со ликот на Трамп по повод 250 години независност

admin

Нарко-кланови се прегрупираат, партиите се обвинуваат

admin

Тешкиот пат кон науката и иновацијата

admin

Собранието ја укина техничката влада – измените на Законот за Влада изгласани со 70 гласа „за“

admin