20.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Фондација „Македонија“ ја откажа блокадата на границата со Северна Македонија

Бугарската фондација „Македонија“ го откажа најавениот протест со блокада на три гранични премини меѓу Бугарија и Северна Македонија, по разговори со бугарското Министерство за надворешни работи и амбасадата во Скопје.

Претседателот на фондацијата, Виктор Стојанов, изјави за БТА дека одлуката е донесена по координација со државните институции, кои оцениле дека блокирањето на премините во овој момент би било контрапродуктивно.

Протестите требаше да се одржат во недела на премините „Ѓуешево–Деве Баир“, „Станке Лисичково–Делчево“ и „Златарево–Ново Село“.

Стојанов рече дека иницијативата имала цел да изрази граѓански став за односите со Северна Македонија и положбата на Бугарите во земјата, но додаде дека организаторите заклучиле оти блокадата може дополнително да ги зголеми тензиите.

Надлежните институции, според него, веќе биле информирани за откажувањето за да не преземаат подготовки и безбедносни мерки поврзани со настанот.

Фондацијата најави дека ќе предложи други форми на граѓански активности, а деталите ќе бидат соопштени на прес-конференција во петок во прес-клубот на Бугарската телеграфска агенција во Софија.

Одлуката доаѓа откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков, ги повика бугарските граѓани и организации да не блокираат гранични премини или патишта кон Северна Македонија, по зголемените тензии предизвикани од палењето на две возила на бугарската амбасада во Скопје.

„Го поддржуваме правото на мирен граѓански протест како фундаментално право во секое демократско општество. Истовремено, најнастојчиво молиме да не се предизвикува блокирање на гранични премини или патишта меѓу Бугарија и Северна Македонија“, порача Радуков.

Тој оцени дека интересот на Бугарија е да остане отворена кон своите југозападни соседи преку културна размена, економска соработка и контакти меѓу граѓаните.

„Тоа е најдобриот начин да се спротивставиме на омразата“, наведе амбасадорот.

Тензиите меѓу двете земји се зголемија по палењето на две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје, случај за кој македонските власти поднесоа обвинение против осомничено лице.

Related posts

Калас: Северна Македонија пред историска одлука – дали конечно ќе тргне кон ЕУ?

admin

Пропадна изборната реформа, останаа милионите за пропаганда: Левица ги обвини ДПМНЕ и СДСМ

admin

Германија со договор за воена соработка со Јапонија

admin

Владата го усвои новиот закон за игри на среќа – Меџити: Го тргаме коцкањето од училиштата, ја штитиме младината

admin

АЛАРМ ОД САД: Иран може да ја таргетира Албанија – владата вели „нема закана“

admin

Секој петти Германец сака да ја напушти земјата – аларм за иднината на економијата

admin