29.9 C
Скопје
16 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ќе донирате органи по смртта? Државата воведува нов систем за изјаснување

Владата усвои законски измени со кои секој полнолетен граѓанин ќе може однапред да се изјасни дали сака по својата смрт да биде донор на органи и ткива, во обид да се зголеми бројот на трансплантации и да се подобри ефикасноста на системот за органодарителство.

Според предложените измени на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување, граѓаните при посета на матичен лекар ќе можат да ја евидентираат својата одлука во системот „Мој Термин“, со можност во секое време да ја променат или повлечат.

Министерството за здравство соопшти дека новиот модел ќе овозможи попрецизни податоци за ставовите на граѓаните кон органодарителството и ќе придонесе за поголема доверба во трансплантацискиот систем.

Измените предвидуваат и проширување на кругот на живи дарители. Освен најблиските членови на семејството, органи и ткива ќе можат да даруваат и сродници во странична линија до четврти степен, вклучително и први братучеди, при што секој случај ќе биде разгледуван од етичка комисија која ќе ја утврдува доброволноста на одлуката.

Со законските измени се предвидува и поедноставување на процедурите за трансплантација и олеснување на административните постапки поврзани со утврдувањето на мозочна смрт.

Министерот за здравство Азир Алиу претходно изјави дека кога системот ќе стане функционален, тој ќе биде меѓу првите граѓани што ќе се регистрираат како органодарители.

Властите оценуваат дека измените ќе помогнат во создавање поефикасен систем во кој јасно ќе биде евидентирана волјата на граѓаните, додека пациентите кои чекаат трансплантација ќе имаат поголеми можности за лекување.

Related posts

Цената на златото паѓа по веста за испраќање американски трупи на Блискиот Исток

admin

Франција не сака канцеларија на НАТО во Јапонија

admin

Игри со притвор: „Обвинителoт се согласи, судијата прифати“

admin

Алказар енерџи започнува изградба на ветерен парк од 500 милиони долари кај Штип

admin

Маричиќ призна: Холандија е загрижена за измените на КЗ

admin

Фон дер Лајен подготвена за соработка со десничарите

admin