17.8 C
Скопје
25 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Здравствената состојба го одложи упатувањето на Јакимовски во Шутка

Почетокот на издржувањето на едногодишната затворска казна на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е одложен поради неговото барање поднесено од здравствени причини, соопштија од надлежниот суд.

Според информациите од судот, Јакимовски на 12 јуни поднел барање за одложување на извршувањето на казната, повикувајќи се на неговата здравствена состојба.

Судот побарал дополнителна медицинска документација од двете приватни здравствени установи наведени во барањето, но до денес не добил одговор. Поради тоа, на 26 јуни била испратена ургенција до здравствените институции.

Одлуката дали и за колкав период ќе биде одложено издржувањето на казната ќе биде донесена откако судот ќе ја добие и разгледа целокупната медицинска документација.

До тогаш, почетокот на издржувањето на затворската казна останува одложен.

Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор во предмет поврзан со незаконска изградба на општинската зграда во Карпош. Во изречената казна ќе му бидат пресметани и петте месеци што претходно ги помина во куќен притвор.

Related posts

ДУИ возврати на Беким Ќоку: Охридскиот договор не смее да се релативизира

admin

Ристоска го демантира Савески: „Знаеше дека ќе поднесам оставка ако ми ги одземе предметите“

admin

Ахмети против Иран: Поддршката за САД е стратешка одлука

admin

ЃУКАНОВИЌ ГО РАСПУШТИ ЦРНОГОРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

ninja

Обединетото Кралство ќе биде домаќин на Самитот за Западен Балкан

admin

„Брза лента“ за законските измени за коридорите 8 и 10д

ninja