20.5 C
Скопје
4 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Албанскиот премиер ги исмеа инфлуенсерите: Не бараат работа, туку интервјуа

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги критикуваше инфлуенсерите и нивниот начин на претставување на социјалните мрежи, тврдејќи дека дел од нив зборуваат за скромен живот, иако нивните месечни трошоци достигнуваат околу 20.000 евра.

Говорејќи на третата национална конференција за образование, Рама рече дека одредени јавни личности ги поттикнуваат негативните ставови кон странските работници во Албанија, иако самите не се соочуваат со истите економски предизвици.

„Оние што поттикнуваат расизам кон странските работници и велат дека тие доаѓаат како робови, или не сакаат да работат и да заработуваат плата како во Грција и Хрватска, или не се во таа област и немаат потреба од работа. Наместо тоа, работат на Инстаграм и даваат интервјуа за тоа како нивниот скромен живот чини 20.000 евра месечно“, изјави Рама.

Премиерот ја поврза оваа тема со развојот на туризмот, оценувајќи дека поквалитетен туристички сектор ќе доведе до повисоки плати и приходи.

„Колку е повисок квалитетот на туристичкиот систем, толку ќе бидат повисоки платите. Колку е поголема потрошувачката на туристите, толку ќе бидат поголеми приходите на економијата и државата“, рече Рама.

Во посебен случај поврзан со актуелните протести против туристичкиот проект во Звернец, Рама реагираше и на видео генерирано со вештачка интелигенција, во кое е прикажан облечен во мини-здолниште, високи потпетици и градник со симбол на фламинго.

Видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, самиот Рама го сподели на својот профил на Инстаграм со ироничен коментар: „Кој и да го направил, алал да му е“.

Протестите во Албанија продолжуваат веќе деветти ден по ред поради плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во областа Звернец, Сазан и лагуната Нарта, која е позната како живеалиште на фламинга и други миграторни птици.

Related posts

Луѓето на Мадуро сè уште ја држат власта во Венецуела

admin

Инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан е условен со реформи

admin

Раскол во ИВЗ, се продлабочува поделбата меѓу реисот Шаќири и муфтијата Несими

admin

ВИДЕО АНАЛИЗА: Лоша вест за Москва – Ердоган „слабее“ во анкетите

admin

Отров и тешки метали предизвикаа помор на риби во Калиманско Езеро

admin

Путин под напад? Украина негира, Русија најавува заострување

admin