28.8 C
Скопје
23 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Бугарски аналитичар: Северна Македонија е во ќорсокак, без нова визија за ЕУ

Посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на Софија покажала отсуство на нова проевропска иницијатива од страна на Скопје, оцени бугарскиот аналитичар Спас Ташев во емисија на БНТ.

„Главниот заклучок е разочарување и безизлезна ситуација за Северна Македонија. Очекував да има одредена мобилизација од страна на Скопје и демонстрација на проевропска визија, но такво нешто не видовме“, изјави Ташев.

Тој оцени дека во текот на посетата биле изнесени и ставови кои, според него, имале провокативен карактер, посочувајќи ја изјавата на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во врска со политиките за малцинствата.

Ташев повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот останува клучен услов за отворање на преговарачките кластери со Европската Унија.

„Ако членството во Европската Унија е главна стратешка цел, тогаш сите институции треба да работат во таа насока. Промената на Уставот и внесувањето на бугарската заедница е клучот за отворање на преговорите“, рече тој.

Осврнувајќи се на настапот на претседателката Сиљановска-Давкова во Софија, Ташев рече дека таа посочила оти како претседател нема надлежност да иницира уставни измени, но според него не ја соопштила својата лична позиција по ова прашање.

Тој, исто така, ја критикуваше претседателката затоа што не одговорила на прашање поврзано со односот на Србија кон македонскиот идентитет.

Инаку, односите меѓу Скопје и Софија повторно се во фокусот на европската агенда, а Европската Унија продолжува да инсистира на исполнување на договорените обврски од преговарачката рамка од 2022 година како предуслов за отворање на пристапните преговори.

Related posts

Бунт против царините на Трамп: 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата

admin

Почина Дарко Димовски, првиот човек на ССМ

admin

„Уметничка инсталација“ или гаф: Власта и опозицијата во војна за македонското знаме

admin

ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ ПЕСИМИСТИ ЗА ИДНИНАТА

ninja

Мицкоски: Трагедијата во Кочани беше најтежок ден во мојот живот, институциите постапија правилно

admin

Департизација или политичка цементација: Дебатата за висока раководна служба во администрацијата се заострува

admin