18.1 C
Скопје
5 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Македонските универзитети далеку од европскиот врв: Научните цитати откриваат драматичен јаз

Македонските универзитети стагнираат наместо да напредуваат, а нивната меѓународна научна видливост останува далеку зад водечките високообразовни институции во регионот, покажуваат податоците од Академското рангирање на универзитетите на Балканот (ARBU).

Претседателот на Академскиот совет на ARBU, Марјан Бојаџиев, оцени дека состојбата во високото образование е загрижувачка, посочувајќи дека растот на бројот на научни трудови во последните две години е едноцифрен и помал од 10 проценти.

„Нашиот најголем и најдобар универзитет, Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’, тешко го надмина Универзитетот во Крагуевац. Оваа година се очекува да го достигне нивото на Универзитетот во Ниш. Ние имаме 396 илјади научни цитати, додека Загреб има 4 милиони и 600 илјади“, изјави Бојаџиев.

Според него, ваквите показатели јасно ја отсликуваат разликата меѓу македонските универзитети и најуспешните академски институции во регионот.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека Владата значително ги зголемила средствата за високото образование. Таа посочи дека буџетот за оваа намена пораснал од три милијарди денари во 2022 година на осум милијарди денари во 2026 година.

Јаневска нагласи дека новиот закон за високо образование ја гарантира академската автономија и воведува механизми за поголема транспарентност и поддршка на младите истражувачи.

„Законот поттикнува производство на повеќе научни трудови и зголемување на меѓународната видливост“, изјави министерката.

Директорката на Агенцијата за квалитет во високото образование, Кристина Серафимовска, оцени дека е потребна поширока дебата за критериумите и методологијата за рангирање на универзитетите, како и подобрување на националните политики за развој на високото образование.

„Од повеќе од 300 универзитети на Балканот, само неколку се рангирани и видливи на меѓународно ниво“, рече Серафимовска.

Платформата ARBU опфаќа 324 високообразовни институции од Балканот и речиси 20 милиони научни цитати. Податоците се базираат на информации од Google Scholar и вклучуваат повеќе од 33.000 професори и истражувачи.

Првото рангирање покажува доминација на универзитетите од Хрватска, Србија и Словенија, при што на врвот се Универзитетот во Загреб, Универзитетот во Белград и Универзитетот во Љубљана.

Податоците повторно ја отворија дебатата за квалитетот на високото образование во Северна Македонија и за потребата од подлабоки реформи кои би ја зголемиле научната продуктивност и меѓународната конкурентност на домашните универзитети.

Related posts

Трамп повикува на крај на примирјето во Газа ако сите заложници не бидат ослободени до сабота напладне

admin

ЗОШТО АНКЕТИТЕ ГО ВРАТИЈА ГРУЕВСКИ НА „БЕЛ КОЊ“?

ninja

Од зборови на ѕидот до резултати на терен: Како вредностите да станат двигатели на перформансите

admin

Дали уставните измени стануваат меѓуетнички проблем?

admin

Ахмети со сериозно обвинување: Истите луѓе стојат зад протестите во Србија и Албанија

admin

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ СКОПЈЕ И ВАШИНГТОН

ninja