19.2 C
Скопје
8 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Телеграм и Вибер овојпат не помогнаа: Десетици матуранти фатени на дело

Околу 60 ученици биле исклучени од државната матура поради препишување, но ќе имаат можност повторно да ги полагаат испитите во августовскиот рок, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа оцени дека годинашниот матурски процес се одвивал во редовни услови и со значително помал број нерегуларности во споредба со претходните години.

„Во двата испитни термини беа евидентирани само 60 ученици кои препишувале, што претставува значителен напредок во спроведувањето на државната матура“, рече Јаневска.

Според неа, организацијата на испитите во поголеми простории придонела за подобра контрола и намалување на можностите за злоупотреби преку социјални мрежи и апликации за комуникација.

Јаневска посочи дека годинава за првпат бил применет модел со два различни вида државна матура, приспособени на наставните програми што ги следеле учениците во текот на средното образование.

„Со ова исправивме долгогодишна нееднаквост, бидејќи учениците со различни наставни програми претходно полагаа ист тип матура“, изјави таа.

Државната матура претставува услов за завршување на средното образование и за запишување на голем дел од високообразовните установи во земјата.

Related posts

За пет години, десет фирми добиле тендери во вредност од милијарда евра

admin

Грип и корона – ни се заканува ли двоен бран?

ninja

Скопје меѓу најзагадените градови во Европа: СДСМ ја обвинува Владата, илјадници граѓани изложени на опасен воздух

admin

Арсовска: Општина Ѓорче Петров усвоила урбанистички план што овозможува индустриски објекти врз водоснабдителна зона

admin

Доналд Трамп: Зошто Европа не дава повеќе пари за да и помогне на Украина?

admin

Триангл: Договорите за плати мора да се почитуваат, време е за достоинствени примања

admin