25.3 C
Скопје
16 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Што носи новиот здравствен патоказ за Балканот и каква улога ќе има Македонија?

Министерот за здравство Азир Алиу учествуваше на онлајн промоцијата на Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030, регионален документ подготвен со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО).

Документот воспоставува рамка за заедничко дејствување на земјите од Западен Балкан во области како што се примарната здравствена заштита, јавното здравје, развојот на човечките ресурси, здравствената безбедност, превенцијата и контролата на незаразните болести, имунизацијата, дигиталното здравство и унапредувањето на квалитетот на услугите за пациентите.

Во своето обраќање, Алиу оцени дека приоритетите дефинирани во Патоказот се усогласени со тековните реформи во македонскиот здравствен систем, особено во делот на дигиталната трансформација, воведувањето електронски здравствени досиеја, подобрата размена на податоци меѓу институциите и приближувањето кон европските стандарди.

„Регионалната соработка е неопходна за изградба на поотпорни здравствени системи, подобра подготвеност за идни предизвици и поквалитетни услуги за граѓаните“, истакна Алиу.

Од Министерството за здравство соопштија дека ќе продолжат активно да учествуваат во регионалните иницијативи насочени кон зајакнување на здравствените системи и подобрување на здравствените резултати во земјата и регионот.

Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030 е подготвен со поддршка на СЗО и има за цел да поттикне координиран пристап во справувањето со заедничките здравствени предизвици во регионот.

Related posts

МИЈАЛКОВ НА ЧЕКОР ДА СЕ СПАСИ И ОД СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК 2“

ninja

УЈИЕ учествува на Првиот форум за квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

admin

ДУИ: Милошоски нема морален кредибилитет да зборува за правда

admin

Предвремени избори во Германија на 23 февруари

admin

Вашингтон испраќа порака до Техеран и Пекинг: Нема да дозволиме ничија доминација

admin

Мицкоски најавува: ВРЕДИ нема да добие дополнителен ресор, еден функционер ќе биде и вицепремиер и министер

admin