29.4 C
Скопје
15 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Закани кон новинар и неговото дете: ЗНМ бара брза реакција од институциите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во вторникот ги осуди, како што наведе, сериозните закани упатени кон новинарот на порталот „Тетова Сот“, Рами Мислими, и побара Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да го истражат случајот.

Според соопштението на ЗНМ, Мислими поднел пријава во СВР Тетово, во која навел дека по објавување на новинарска содржина и коментар поврзани со претседателот на Советот на Општина Тетово, Алби Ќамили, добил телефонски закани, вклучително и закани кон неговото малолетно дете, со барање да ја избрише објавата од порталот и социјалните мрежи.

Во пријавата, како што наведува ЗНМ, стои дека подоцна, во близина на зградата на Општина Тетово, на Мислими му пришло лице кое се претставило како брат на Алби Ќамили и му упатило дополнителни закани, велејќи му: „Една камера нема да те заштити.“

ЗНМ оцени дека ваквите закани претставуваат директен напад врз слободата на медиумите, правото на информирање и безбедноста на новинарите.

Здружението ги повика МВР и Обвинителството итно да постапат по пријавата, целосно да ги утврдат околностите на случајот и, доколку се потврдат наводите, да обезбедат кривична одговорност.

Во соопштението се потсетува дека, согласно измените на Кривичниот законик, нападите и заканите кон новинари при вршење на нивната професионална должност уживаат засилена кривично-правна заштита.

***

Редакцијата на Inbox7.mk најостро ги осудува заканите упатени кон новинарот Рами Мислими и бара Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство итно да ги истражат сите наводи, да ги утврдат фактите и да обезбедат соодветна кривична одговорност доколку се потврдат заканите. Секоја закана или притисок врз новинарите претставува напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Related posts

Германија сака да ги враќа бегалците во Сирија

admin

ШОК ИЗЈАВА ОД ВМРО-ДПМНЕ: Таравари се интересирал само за бизнисите на Заев и Груби!

admin

Илјадници пчели ја презедоа Белата куќа, новинарите во паника

admin

Три акцелератори за болните од рак набавени залудно: Ветувањата на властите останаа пусти фалби

admin

(Не)испорачана правда: Кој е виновен за пожарот во Тетово?

admin

„Да нема никаква дилема“ – Владата останува на ставот против уставни измени

admin