29.9 C
Скопје
7 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Марта Кос доаѓа со тешка порака: Без уставни измени нема напредок

Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави дека ниту една земја-кандидат досега не добила гаранција дека во текот на пристапните преговори нема да се појават нови билатерални спорови, порака што доаѓа еден ден пред нејзината посета на Северна Македонија.

Во интервју за МИА, Кос рече дека напредокот кон членство во Европската Унија зависи од исполнувањето на преземените обврски и од градењето доверба меѓу земјите-кандидати и земјите-членки.

„Северна Македонија покажа дека може да испорачува резултати кога постои политичка волја. Тоа јасно се гледа преку спроведувањето на Реформската агенда. Доаѓам во Скопје за да ја охрабрам Владата истиот пристап да го примени и во пристапните преговори“, изјави Кос.

Таа нагласи дека добрососедските односи остануваат основа за градење доверба, додавајќи дека проширувањето на Унијата функционира врз принципот на исполнување на обврските, а не на однапред дадени гаранции.

„Ниту една земја-кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор сè до моментот кога последната земја-членка ќе го ратификува договорот за пристапување. Така функционира проширувањето на ЕУ и важно е оваа реалност да се прифати“, рече Кос.

Во пресрет на средбата со премиерот Христијан Мицкоски, нејзината изјава се толкува како потврда дека Брисел и натаму очекува исполнување на условите од преговарачката рамка, вклучително и уставните измени, пред отворањето на следната фаза од пристапните преговори.

Кос најави дека Европската комисија по летото ќе предложи нови механизми за постепена интеграција на земјите-кандидати во политиките на Унијата и пред полноправното членство. Сепак, предупреди дека таквата интеграција ќе биде ограничена доколку нема напредок во пристапните преговори.

Во меѓувреме, во Брисел продолжуваат разговорите за реформа на политиката на проширување, поттикнати од француско-германскиот нон-пејпер и иницијативите на земјите од Бенелукс, кои предвидуваат подлабока постепена интеграција на кандидатите во ЕУ пред нивното полноправно членство.

Related posts

„Доста беа блокади!“: Сиљановска побара нов почеток за Балканот и ЕУ

admin

Ибрахими: ВЛЕН не е политички калкулатор

admin

Лидерски амбиции во СДСМ има, но сè уште се тактизира

admin

Бројот на бегалци од Украина достигна 368.000, објавија ОН

ninja

Шест новинари убиени во Газа додека ја покриваа војната на Израел

admin

Нови законски измени за распуштање на Судскиот совет, преседан за злоупотреба од секоја идна власт

admin