26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Зошто Македонија, а не Грција? Објаснето кој ќе ја истражува несреќата на „Рајанер“

Северна Македонија ќе ја предводи безбедносната истрага за инцидентот со авионот „Боинг 737“ на авиокомпанијата „Рајанер“, кој по сериозно оштетување на десниот мотор и скршено прозорско стакло принудно се врати на аеродромот во Солун.

Иако авионот полетал од грчкиот град и безбедно слетал назад на истиот аеродром, меѓународните правила за воздухопловни несреќи предвидуваат истрагата да ја води државата во чиј воздушен простор се случил инцидентот.

Според досега достапните информации, проблемот на летот FR1879 настанал додека авионот се наоѓал над воздушниот простор на Северна Македонија. Поради тоа, македонските воздухопловни власти ќе ја координираат безбедносната истрага, во соработка со надлежните институции од другите засегнати држави.

Авионот по инцидентот безбедно се вратил во Солун, каде што останува на детални технички проверки.

Истрагата треба да утврди што го предизвикало оштетувањето на леталото, дали станува збор за технички дефект, удар од надворешен објект, како што е птица или друг фактор, како и да даде безбедносни препораки за спречување на слични случаи во иднина.

Според правилата на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), државата на чија територија или во чиј воздушен простор се случил сериозниот инцидент има водечка улога во безбедносната истрага, без оглед каде авионот полетал или слетал.

Related posts

Дизелот поевтинува за 6,5 денари од полноќ

admin

Министерот за здравство со шокантна изјава: Се вршат операции со ‘рѓосани алати

admin

Болка и гнев по трагедијата во Кочани

admin

Нова војна меѓу МВР и ОЈО ГОКК – Тошковски зборува за „стратегија на напад“

admin

Јавниот превоз во Скопје во колапс

ninja

Големи очекувања на македонската влада од Tрамп

admin