33.3 C
Скопје
12 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

„Пропуштена шанса“: Поранешен амбасадор на САД остро го критикува Самитот на НАТО во Анкара

Самитот на НАТО во Анкара не успеа да постави стратегија за иднината на Алијансата и претставуваше пропуштена можност Европа да ја преземе поголемата одговорност за сопствената безбедност, оценува поранешниот американски амбасадор во НАТО Иво Далдер во анализа за „Политико“.

Според Далдер, лидерите ја завршиле средбата без конкретни политички одлуки и без јасен план за постепен премин од Алијанса предводена од Соединетите Држави кон модел во кој Европа ќе има водечка улога.

Тој наведува дека конечната декларација од самитот е кратка и без значајни нови иницијативи, додека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, најголемиот дел од подготовките ги насочил кон избегнување судир со американскиот претседател Доналд Трамп.

Авторот потсетува дека и покрај помирливиот тон на состанокот зад затворени врати, Трамп по неговото завршување повторно ги нападнал европските сојузници, критикувајќи ги поради нивната улога во конфликтот со Иран, заканувајќи се со трговски мерки против Шпанија и повторно отворајќи го прашањето за американска контрола врз Гренланд.

Далдер смета дека наместо да се концентрираат на смирување на односите со Вашингтон, европските лидери требало да усвојат патоказ за постепено преземање на клучните воени способности што денес ги обезбедуваат САД, вклучително и воздушната и поморската одбрана, разузнавачките капацитети и командната структура.

Според него, администрацијата на Трамп веќе започнала со намалување на американското воено присуство во Европа, што ја прави подготовката за поголема европска автономија неопходна.

„Новата реалност е дека Соединетите Држави повеќе не се сигурен сојузник. Европа мора да преземе многу поголема одговорност за сопствената одбрана“, наведува Далдер.

Тој додава дека токму управувањето со транзицијата кон европски предводена Алијанса треба да стане главен приоритет на НАТО во наредните години.

Related posts

Филипче и Мицкоски во нова полемика околу „црвените линии“ за евроинтеграциите

admin

Постери во Белград ја прикажуваат С Македонија како дел на на „Голема Србија“

admin

Русија го тестираше нуклеарниот проектил „Буревестник“ со неограничен дострел

admin

Трамп повторно ја разниша Алијансата: Европа бара спас без Америка

admin

Министерствата штедат струја со темни ходници

ninja

Караваните ќе стивнат, избирачите ќе земат збор

admin