29.9 C
Скопје
7 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Големо олеснување за пациентите: Три антикоагуланси одат на рецепт

Три лекови против згрутчување на крвта – еноксапарин, надропарин и ривароксабан – од 1 јули се вклучени на позитивната листа на лекови и ќе може да се подигнуваат во аптеките со рецепт од лекар специјалист, со плаќање само партиципација, соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Според Клековски, за еноксапарин се достапни два бренда, за надропарин еден бренд, а за ривароксабан во почетната фаза ќе биде достапен еден бренд.

Еноксапарин и надропарин досега беа достапни преку рефундација, а пациентите плаќаа од 1.100 до 2.700 денари, во зависност од дозата и количината на терапијата. Сега тие ќе се земаат со партиципација од 160 до 240 денари.

Клековски предупреди дека постои донекаде претерана употреба на овие лекови и дека нивното препишување ќе треба да се стави во построга рамка, со јасно утврдени медицински индикации.

Конечната одлука за препишување ќе ја носи лекар специјалист.

Еноксапарин и надропарин ќе продолжат да се користат и во болнички услови, но сега ќе бидат достапни и како продолжение на болничкото лекување во домашни услови.

Вклучувањето на овие лекови на позитивната листа првично беше најавено до 1 јануари 2026 година, но процесот беше одложен поради административни причини.

Related posts

“Не сум веќе Американец, сега сум Русин”

admin

Таравари: Болката останува, но останува и одговорноста за грижа

admin

Мицкоски најавува национален систем за борба против хибридните и информациските закани

admin

Трагедијата во Кочани: Болка што бара правда

admin

Македонскиот идентитет не е тавче-гравче“ – изјава на Кос предизвикува политичка бура

admin

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за избори напролет

admin