13.8 C
Скопје
10 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ЕУ одобри 142 милиони евра, но Брисел порача: Следниот чекор е Уставот

Еврокомесарката за проширување Марта Кос и претседателот на Собранието Африм Гаши оценија дека Северна Македонија бележи напредок во спроведувањето на клучните реформи, врз основа на кои Европската Унија одобри 142,1 милиони евра преку Планот за раст за Западен Балкан.

На средбата, на која присуствуваа претставници на власта и опозицијата, беше истакната потребата од широка меѓупартиска поддршка за реформите поврзани со европската интеграција.

Гаши оцени дека Планот за раст претставува значаен инструмент за забрзување на економскиот и социјалниот развој на земјата и регионот, додека Кос ја потврди континуираната поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Северна Македонија.

Претходно, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, Кос изјави дека земјата има место во Европската Унија, но дека уставните измени остануваат неопходен услов за продолжување на пристапниот процес. Таа ја пофали Владата за напредокот во спроведувањето на Реформската агенда, што овозможи дополнителна финансиска поддршка од ЕУ.

Мицкоски изјави дека Владата покажала конкретна посветеност на реформите и ја поздрави финансиската и експертската поддршка од Европската комисија, додавајќи дека очекува процесот на евроинтеграција да не биде условуван со билатерални прашања.

Related posts

Турбуленции и на Кардиохирургија: Има ли зголемена смртност?

admin

Села повикува на обединување на албанските партии и заеднички настап на изборите

admin

Израел го гранатираше бегалскиот камп Џабалија, над 50 цивили загинале

admin

Патот од Тетово до Призрен децениско ветување како пругата до Бугарија

admin

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: МЕЃУ ВИЗИЈА И ИГРА НА КОНДИЦИЈА

ninja

Крвави судири на границата: Тајланд и Камбоџа се борат додека Трамп се обидува да ги спречи!

admin