21.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Зошто Европа нема клима-уреди и дали тоа чини животи?

Рекордниот топлотен бран во Европа ја засили политичката дебата околу употребата на климатизацијата, откако здравствени експерти предупредија дека заштитата на ранливите групи мора да стане приоритет, додека десничарски партии ја користат темата за напад врз климатските политики.

Во источната германска покраина Бранденбург викендов беа измерени 41,7 степени Целзиусови, што е историски рекорд за Германија. Само околу шест проценти од германските домаќинства имаат фиксни клима-уреди, за разлика од САД, каде климатизацијата е присутна во околу 90 проценти од домовите.

Светската здравствена организација предупредува дека Европа мора да најде рамнотежа меѓу долгорочните мерки, како сенка, изолација, зелени површини и центри за разладување, и насочена употреба на климатизација во болници, домови за стари лица, училишта и јавен транспорт.

Според проценки на СЗО, повеќе од 200.000 луѓе починале од последици од жештини во Европа во последните четири години. Експертите очекуваат дека последниот топлотен бран може да предизвика илјадници смртни случаи.

Дебатата се заостри откако германската десничарска Алтернатива за Германија ја обвини „климатската идеологија“ дека спречува поширока употреба на клима-уреди и со тоа ги зголемува ризиците по животот на граѓаните.

Во Франција, Националниот собир на Марин Ле Пен исто така ја стави климатизацијата во центарот на својата критика кон зелените политики, иако партијата се противи на дел од мерките за енергетска ефикасност и обновливи извори.

Експертите предупредуваат дека климатизацијата може да спаси животи, но дека масовната и неконтролирана употреба носи ризици – од поголема потрошувачка на електрична енергија до загревање на урбаните средини преку исфрлање топол воздух.

Сепак, климатски научници оценуваат дека главниот приоритет треба да биде заштита на луѓето, особено старите лица, болните и оние што живеат во лошо изолирани домови.

„Животите се повредни од вештачката интелигенција – или барем треба да бидат“, предупреди климатската научничка Клои Бримикомб, посочувајќи дека Европа троши големи ресурси за ладење дата-центри, додека многу ранливи граѓани немаат пристап до разладување.

Related posts

Вашингтон гради нов безбедносен сојуз за клучниот нафтен коридор

admin

Уставниот суд ја потврди одлуката на ДИК: независните кандидати може со два потписи

admin

МАКЕДОНИЈА СО НАЈГОЛЕМ ПАД, ЦРНА ГОРА СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА РЕАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО РЕГИОНОТ

ninja

ЕУ отвора нов дипломатски фронт: Науката станува оружје во глобалната трка за влијание

admin

САД предупредија на дезинформации пред изборите

admin

Минчев се предомисли: Балансерот останува на сила, но ќе се дебатира за негово укинување

admin