34.8 C
Скопје
24 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Меркел повторно во фокусот: Портретот што ја разбуди германската носталгија

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го претстави својот официјален портрет во берлинскиот музеј „Боде“, дело на младиот француско-германски уметник Жереми Кејрас, во време кога во Германија расте носталгијата за нејзиното 16-годишно владеење.

Портретот, кој ќе биде изложен во музејот до октомври, а потоа ќе биде преместен во германската канцеларија, ја прикажува 71-годишната Меркел во нејзиниот препознатлив син сако, со сериозен израз на лицето и држење што, според критичарите, ја одразува тежината на долгогодишното политичко лидерство.

Меркел изјави дека работата на портретот претставувала „мала авантура“, откривајќи дека во текот на неколкумесечните средби со уметникот разговарале за различни теми, а понекогаш и заедно слушале класична музика.

Кејрас, 28-годишен уметник роден во Париз, изјави дека никогаш не би помислил дека ќе го добие овој ангажман. Тој испратил рачно напишано писмо до Меркел во 2022 година, приложувајќи фотокопии од своите дела, а одговор добил дури три години подоцна.

Според германските медиуми, Меркел лично го финансирала изработувањето на портретот, наместо тоа да биде платено од државниот буџет. Наводно, таа сакала да го задржи правото на сопственост врз делото, што би ѝ овозможило да го повлече од државните институции доколку во иднина екстремната десница дојде на власт.

Уметникот и поранешната канцеларка одлучиле да не ја прикажат нејзината препознатлива поза со рацете во форма на ромб, која стана еден од најпознатите политички симболи на нејзината ера. Наместо тоа, рацете се поставени природно, а во позадина се прикажани неколку предмети од нејзината поранешна канцеларија, меѓу кои жолта папка и метална коцка со натписот „In der Ruhe liegt die Kraft“ („Во спокојот лежи силата“).

Откривањето на портретот доаѓа во период кога, пет години по заминувањето на Меркел од функцијата, во Германија расте јавниот интерес и носталгијата за периодот на нејзиното владеење, особено во услови на политички и економски предизвици со кои се соочува земјата денес.

Related posts

Бугарија пред нов изборен тест: Може ли гласањето да го смени курсот на земјата?

admin

Бугарија и Хрватска со најголемо зголемување на вработеноста во ЕУ

admin

Таравари: На ДУИ и треба ветинг, но треба да го спроведат меѓународни експерти

admin

ВМРО-ДПМНЕ обвини обвинители за злоупотреби по најавеното одземање на предмети

admin

Нема Клинички центар како во Словенија со партизација од портир до директор

admin

ВИДЕО Али Ахмети: Уставните измени ќе поминат, можна предизборна коалиција со СДСМ

admin