14.8 C
Скопје
22 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

По кризата со водата во Гостивар, ДУИ бара независна истрага и целосна транспарентност

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабока загриженост поради загадувањето на водата во Гостивар, оценувајќи дека станува збор за сериозна закана за здравјето на граѓаните.

Партијата соопшти дека безбедноста на водата за пиење е основно човеково право и дека секој институционален пропуст во обезбедувањето на тоа право е неприфатлив.

ДУИ побара надлежните институции веднаш да постапат со целосна одговорност и транспарентност за да го утврдат изворот на контаминацијата, институционалната одговорност и дали навремено биле преземени сите неопходни мерки за заштита на населението.

„Секое одложување или прикривање на информации само ја зголемува несигурноста и ја намалува довербата на јавноста“, се наведува во соопштението.

Партијата изрази поддршка за, како што наведува, професионална и независна истрага што ќе го расветли случајот, ќе го заштити здравјето на граѓаните и ќе обезбеди сите одговорни да се соочат со правдата.

ДУИ истовремено побара редовно и транспарентно информирање на јавноста, непречено снабдување со безбедна вода за погодените семејства и континуирани лабораториски анализи сè додека официјално не се потврди дека водата е безбедна за употреба.

„Здравјето на граѓаните мора да биде над секој друг интерес. Одговорноста, транспарентноста и брзото постапување се институционална обврска, а не избор“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Related posts

Сопругата на Макрон фатена како го удира претседателот – Елисејската палата во паника

admin

„Островот на развратот“ стана инкубатор на шпекулации

admin

Нов топлотен удар – температурите до 40 степени

admin

САД и Иран се движат кон прекин на огнот, Техеран го отвора Ормутскиот теснец

admin

Почина реформскиот папа Франциско

admin

Спиропали во дводневна официјална посета на Северна Македонија

admin