34.7 C
Скопје
15 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Рокас испрати јасна порака: Решението за Изборниот законик не смее повеќе да чека

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, изрази очекување политичките партии наскоро да постигнат договор за измените на Изборниот законик, оценувајќи дека тие претставуваат важен дел од реформската агенда на земјата на патот кон членство во ЕУ.

Рокас изјави дека партиските координатори секојдневно одржуваат состаноци и оти се надева дека законските измени ќе бидат усвоени.

„Измените на Изборниот законик се дел од реформската агенда и нивното усвојување ќе овозможи Северна Македонија да добие дополнителни 4,2 милиони евра европски средства, кои ќе бидат искористени во корист на граѓаните“, рече Рокас по примопредавањето на нови возила донирани од Европската Унија за Државниот инспекторат за транспорт.

Политички судир околу изборните измени

Измените на Изборниот законик со месеци се предмет на остри политички несогласувања.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата дека намерно го блокира процесот, додека СДСМ и Левица тврдат дека нема да поддржат решенија кои, според нив, би овозможиле изборни злоупотреби.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, при неодамнешната посета на Скопје, исто така ги повика сите политички партии да обезбедат усвојување на законските измени.

Таа оцени дека Северна Македонија исполнила околу 90 проценти од предвидените реформи и ги повика политичките чинители да го завршат преостанатиот дел од реформската агенда.

Кос нагласи дека земјата е меѓу најуспешните корисници на Планот за раст на ЕУ, но повтори дека за натамошен напредок кон членство ќе бидат неопходни и уставните измени.

Забрзано проширување на Унијата

Рокас изјави дека процесот на проширување на Европската Унија добива нова динамика.

Тој потсети дека ЕУ денес одржува четири меѓувладини конференции за пристапување во еден ден – со Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора – што, според него, испраќа јасен сигнал дека проширувањето повторно е висок приоритет на Унијата.

„Процесот на проширување е инвестиција во безбедноста, сигурноста, просперитетот и конкурентноста на Европската Унија. Искрено се надеваме дека Северна Македонија наскоро ќе може да го следи истиот пат и да ги започне пристапните преговори“, изјави Рокас.

Тој додаде дека зад сцената се водат интензивни разговори за надминување на преостанатите пречки.

„Се работи многу, иако тоа не е видливо за јавноста. Се надевам дека наскоро ќе се најде решение што ќе го отвори патот за започнување на пристапните преговори со Европската Унија“, рече евроамбасадорот.

Related posts

Париски самит за Украина: Западот ветува обврзувачки безбедносни гаранции, Германија навестува воен придонес

admin

Касами со до правосудните органи: Вистинските виновници за трагедијата во Тетово се Анѓушев и Филипче

admin

Трамп повикува на крај на примирјето во Газа ако сите заложници не бидат ослободени до сабота напладне

admin

Русија ја нападна Полска со дронови, дел од нив биле соборени

admin

Пазарите реагираа веднаш – нафтата нагло поевтини по пораките од Трамп

admin

КОВАЧЕВСКИ: ДИЈАЛОГОТ ЗНАЧИ И ОТСТАПКИ

ninja