25.8 C
Скопје
15 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тензии во Собранието: Пратеничка одби да се тргне додека Мицкоски не ѝ одговори

Последната седница за пратенички прашања пред летната пауза беше двапати прекината поради протест на пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците, која одби да ја напушти говорницата сè додека премиерот Христијан Мицкоски не одговори на нејзиното пратеничко прашање.

Откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, му постави прашање на премиерот, Мицкоски одговори само на неговото обраќање, по што Даути повторно се упати кон говорницата. Според неа, премиерот веќе неколку недели не одговара на нејзиното пратеничко прашање.

„Денес нема да се тргнам од оваа говорница додека не добијам одговор на прашањето што го поставив на претходната седница. Или ќе излезете овде и ќе одговорите, или оваа седница нема да продолжи“, рече Даути.

За време на инцидентот, собраниските служби не ѝ го вклучија микрофонот, а претседателот на Собранието Африм Гаши се обиде да ја продолжи седницата.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, застана покрај Даути во знак на поддршка, додека пратеникот Ријад Шаќири побара процедурално обраќање.

Во салата, дел од членовите на Владата, меѓу кои министерот за култура Седат Сулејмани и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, реагираа со смеа, според присутните медиуми.

Гаши најпрво ја прекина седницата на половина час, наведувајќи дека е потребно „да се смири пратеничката“. По паузата следуваа нови процедурални забелешки.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, го обвини премиерот дека намерно не одговара на прашањата на пратениците, со што, според него, ја блокира работата на Собранието.

Откако Даути повторно побара процедурално обраќање, Гаши по вторпат ја прекина седницата, овојпат до 14 часот.

Седницата беше 113-та пленарна седница на Собранието и последна наменета за пратенички прашања пред пратениците да заминат на годишен одмор.

Related posts

Мицкоски: Нема услови за отворање на Уставот, реформите на Уставниот суд ќе чекаат

admin

САД ненадејно губат 92.000 работни места во февруари, расте невработеноста

admin

Венецијанската комисија предупредува: Новиот закон за застапеност може да ја врати етничката поделба во администрацијата

admin

Реформите во високото образование: дали се загрозуваат приватните научни институти?

admin

УЈИЕ дел од ChallengeEU за иновативно високо образование

admin

Мицкоски ја прекрои Владата: Клековски во Здравство, Стоилковиќ стана “шеф” на градоначалниците

admin