24.8 C
Скопје
15 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тетово добива модерна клиничка болница: Светска банка го разгледува проектот вреден 74 милиони евра

Министерот за здравство Сашо Клековски, заедно со заменик-министерот Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалникот на Тетово Билал Касами, директорот на Клиничката болница Ерзен Елези, како и претставници на Светската банка и Министерството за здравство, денеска го претставија концептот за темелна реконструкција, проширување и модернизација на Клиничката болница во Тетово.

Според Министерството за здравство, проценетата вредност на инвестицијата изнесува 4,56 милијарди денари, односно околу 74 милиони евра, додека конечниот финансиски модел ќе биде утврден по изработката на потребните анализи и проектна документација.

Проектот предвидува реконструкција и модернизација на хируршкиот и интернистичкиот блок, изградба на нов павилјон за повеќе медицински дејности, нов објект за гинекологија, акушерство и неонатологија, набавка на современа медицинска опрема и информатички системи, како и отстранување на дотраените објекти и уредување на целиот болнички комплекс.

„Ова е инвестиција во достоинството и сигурноста на пациентите и во подобри услови за здравствените работници. Нашата цел е граѓаните од Тетово и полошкиот регион да добиваат современа и навремена здравствена услуга блиску до местото на живеење“, изјави министерот Клековски.

Од Министерството наведуваат дека инвестицијата е од значење за околу 251.500 жители од Полошкиот регион и треба да овозможи поголем број здравствени услуги да се обезбедуваат локално, со пократки листи на чекање и помал број упатувања кон здравствените установи во Скопје.

За време на посетата со претставниците на Светската банка биле разгледани следните чекори за реализација на проектот, меѓу кои подготовка на физибилити студија, изработка на техничка документација, анализа на трошоците и придобивките и утврдување на одржлив модел за финансирање.

Министерството за здравство соопшти дека во координација со Фондот за здравствено осигурување, Општина Тетово и раководството на Клиничката болница ќе ја обезбеди подготовката и институционалната поддршка во сите фази од проектот.

Инаку, проектот за реконструкција на Клиничката болница во Тетово беше инициран во мандатот на претходниот министер за здравство Азир Алиу, кога започна подготовката на концептот и разговорите со Светската банка за обезбедување финансиска поддршка.

Related posts

Брат на загинатата во Карпош ја обвини државата за системски пропусти, Обвинителството отвори истрага

admin

Не е Иран: најтешката нова криза за Трамп може да биде меѓу Турција и Израел

admin

Нафтата повторно расте: Крeвкиот прекин на огнот меѓу САД и Иран ги држи пазарите во неизвесност

admin

Северна Македонија и Косово во голема мера зависат од јагленот како главен извор на енергија

admin

Кој е Борче Марковски, бизнисменот кој ја напуштил Македонија откако струшкиот суд му го врати пасошот?

admin

Франција и Европа се подготвуваат за можен конфликт со Русија

admin