10.8 C
Скопје
8 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Македонија и Бугарија се договорија: Почнува нова фаза на Коридорот 8

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека Владата влегува во нова фаза од реализацијата на железничкиот Коридор 8, оценувајќи дека проектот покажува оти можат да се надминат долгогодишните застои кај стратешките инфраструктурни инвестиции.

Говорејќи пред потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, Николоски рече дека проектот е дел од владината стратегија Македонија да ја искористи својата положба на раскрсница на европските транспортни коридори 8 и 10.

„Изградбата на Коридорот 8 е еден од врвните приоритети на Владата. По речиси две години работа доаѓаме до реален и остварлив проект што може да се реализира“, изјави Николоски.

Тој соопшти дека со Бугарија е постигнат договор за изградба на прекуграничниот железнички тунел, кој треба да ги поврзе двете земји.

Според Николоски, на крајот на месецот во Скопје се очекува втор меѓувладин состанок, по кој двете држави ќе испратат заедничко барање до Европската унија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за обезбедување грант за изградба на тунелот.

За третата делница на железничкиот Коридор 8, преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на Европската унија, веќе се обезбедени 149 милиони евра грант средства.

Министерот најави дека градежните работи треба да започнат во текот на годинава, додека изборот на изведувач се очекува наесен. Во тек е и тендерската постапка за избор на надзор.

На церемонијата на потпишување на договорите присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, претставници на Европската унија, ЕБОР, ЕИБ и директорот на Железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Related posts

Милиони за истите грешки: Како институциите го празнат буџетот со изгубени спорови

admin

Курти: Предлозите во Брисел, штит за спроведување на договорот од Србија

admin

Мерц: Украина ќе може да гаѓа цели на руска територија

admin

Арсовска: Наместо истрага, институциите го прикриваат криминалот во Чаир

admin

Данската разузнавачка служба го обвини САД дека ја користат економската моќ за притисок врз сојузниците

admin

Русија тврди дека германски и француски авиони се обидувале да навлезат во нејзин воздушен простор

admin