13.8 C
Скопје
11 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

МЕЏИТИ ГО ОДБИ ПРЕДИЗВИКОТ НА ДУИ: „Водиме кај Албанците, но сега не се потребни избори“

Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, изјави дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, иако, според него, последните анкети покажуваат дека коалицијата има највисок рејтинг меѓу партиите во албанскиот политички блок.

Меџити за Алсат рече дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека предвремени избори би значеле запирање или одложување на дел од процесите што ги започнала Владата.

„Парламентот има доволно бројки, има апсолутно мнозинство и нема никаква причина да експериментираме и да одиме на избори, што би значело блокирање на процесите, работите, јавните набавки, вработувањата и одлуките“, рече Меџити.

Според него, нов изборен циклус би претставувал и дополнителен трошок за граѓаните.

Тој ги отфрли тврдењата дека ВЛЕН избегнува изборно соочување со ДУИ.

„Тоа не значи дека ВЛЕН, кој според последните анкети е фаворит кај Албанците, бега од избори. Но, мислам дека во моментов работиме за решенија, а не за избори“, рече Меџити.

ДУИ сè погласно бара предвремени парламентарни избори, тврдејќи дека актуелните албански партии во Владата немаат изборен легитимитет кај албанското гласачко тело.

Меџити, пак, оцени дека ДУИ постојано ја отвора темата за избори со цел да го мобилизира и задржи сопствениот електорат.

Related posts

Бајден го помилува синот Хантер

admin

Бугарија очекува правична одлука за Љупчо Георгиевски

admin

Путин ѝ нуди економска соработка на АфД: „Северен тек“ повторно влегува во германската изборна битка

admin

Острени го отвори прашањето за албанскиот јазик, ВЛЕН го притисна Ахмети: „Го негираш ли?“

admin

Албанскиот министер: Одлуката е донесена на 17 јули по консултации со безбедносните служби

admin

Пазарите паднаа, нафтата скокна поради ескалацијата околу Ормус

admin