27.8 C
Скопје
20 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Предвремени избори сепак можни? Мицкоски кажа под кој услов би прифатил

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека Владата планира да го заврши четиригодишниот мандат, но е подготвена за предвремени парламентарни избори доколку опозицијата официјално ги побара.

Мицкоски, во интервју за ТВ Сител, рече дека во таков случај е подготвен да учествува на лидерска средба на која би бил договорен терминот за изборите.

„Мојот став е познат во јавноста, како и ставот на оваа Влада – ние добивме мандат за четири години. Мандатот завршува пролетта 2028 година“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека поради постоењето на техничката влада пред парламентарните избори, актуелната политичка влада практично би функционирала до крајот на 2027 година.

На прашањето што би можело да го предомисли околу одржувањето предвремени избори, Мицкоски рече дека иницијативата би требало да дојде од опозицијата.

„Логично е опозицијата да сака да биде Влада, затоа што мисли дека може да биде подобра од Владата. Ако опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тогаш ние како Влада сме подготвени за лидерска средба, да договориме термин и да одиме на предвремени парламентарни избори“, рече тој.

Премиерот додаде дека владејачката коалиција нема да избегнува изборно соочување доколку опозицијата го отвори прашањето.

„Нема да бегаме, се разбира. Мандатот ни е четири години и за толкав период сме добиле поддршка од граѓаните да испорачаме реформи, но доколку имаме фрлена ракавица од опозицијата, нема кукавички да бегаме од избори“, рече Мицкоски.

„Напротив, ние сме подготвени во секое време да излеземе и да ги победиме“, додаде тој.

Изјавата повторно ја отвора темата за можноста за предвремено гласање, иако Мицкоски засега не најавува иницијатива од власта за скратување на мандатот. Според неговата позиција, редовните парламентарни избори остануваат основното сценарио, освен ако опозицијата не побара порано изборно соочување.

Related posts

Бројот на бегалци од Украина достигна 368.000, објавија ОН

ninja

“СЕ ВОДИ КАМПАЊА ПРОТИВ МЕНЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ДУИ…”, ГРУБИ: ИЗОЛАЦИОНИТЕ СИЛИ УДИРААТ НИСКО

ninja

Бриг. д-р Сафет Мушиќ: Секое ново сведоштво е важно за целосното разбирање на злосторствата во опсадата на Сараево

admin

Која „беса“ ќе победи- за независно или партизирано судство?

admin

Брајб-Гејт: Вотергејт на Бајден?

admin

ДУИ СЕ НАДЕВА НА „ДВА ВО ЕДЕН“ ПРОТИВ СПОРТСКИТЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ

ninja