20.1 C
Скопје
5 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Талог“, „омраза“, „криминална група“ – ескалира реториката меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека во говорот на Илинден во Пелинце користел реторика што ги продлабочува политичките поделби.

Жерновски рече дека премиерот повторно ги употребил термините „талог“, „мочуриште“ и други навредливи квалификации за политичките противници, оценувајќи дека на најголемиот државен празник наместо пораки за единство избрал да ги навредува граѓаните.

„Тоа е Мицкоски – човек со патолошка политичка омраза“, изјави Жерновски, додавајќи дека ваквата реторика е насочена кон сите што не се согласуваат со политиките на Владата.

Тој го критикуваше и претходниот повик на премиерот граѓаните летниот одмор да го поминат во земјава, наведувајќи дека самиот најавил патување во странство.

Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата и возврати дека токму Жерновски е дел од, како што наведуваат, системот кој со години ја уништувал државата.

Од владејачката партија соопштија дека лица како Жерновски, Зоран Заев и Венко Филипче се одговорни за состојбите во изминатите две децении и оценија дека актуелната власт спроведува промени во интерес на граѓаните.

Размената на обвинувања доаѓа по говорот на премиерот за време на одбележувањето на Илинден, кој предизвика серија реакции од опозициските партии и нова ескалација на политичката реторика.

Related posts

Германија: Стотици милијарди за армијата и инфраструктурата

admin

Кој ќе биде новиот шампион на Балканот? Отворени номинациите за наградата „Д-р Ерхард Бусек“

admin

Движење БЕСА: Огранокот во Кичево ја следи одлуката за спојување на ВЛЕН

admin

Тетово добива автомобилски гигант: 21 милион евра инвестиција и до 500 нови работни места

admin

Столтенберг: Нема планови за НАТО трупи во Украина

admin

Изет Меџити за РСЕ: Ќе се војува против корупцијата

admin