11.8 C
Скопје
5 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Епидемија, а само еден инфектолог: Како Гостивар се справува со здравствената криза?

Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар располага со само еден специјалист по инфектологија и четворица специјализанти додека трае епидемијата поврзана со загадената вода за пиење, објави Телевизија 24.

Поради ограничените кадровски капацитети, во згрижувањето на пациентите се вклучени и лекари од други специјалности, меѓу кои и дерматолози, за да се обезбеди континуирана здравствена грижа.

Во меѓувреме, водата од градскиот водовод и натаму не смее да се користи за пиење и подготовка на храна. Надлежните дозволуваат употреба само за технички потреби, додека продолжуваат хиперхлорирањето и лабораториските анализи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека забраната ќе остане во сила сè додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи.

Делови од градот во меѓувреме останаа и без техничка вода поради чистењето и испирањето на водоводната мрежа, додека снабдувањето се врши со цистерни.

Дирекцијата за заштита и спасување претходно соопшти дека за потребите на граѓаните биле ангажирани три цистерни со вода, но дел од жителите и натаму се жалат на недоволно снабдување.

Здравствената криза, која започна по микробиолошкото загадување на водоводната мрежа, предизвика илјадници случаи на гастроинтестинални заболувања и стави дополнителен притисок врз здравствениот систем во Гостивар, кој веќе се соочува со недостиг на специјалистички кадар.

Related posts

Германија: Стотици милијарди за армијата и инфраструктурата

admin

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна и нема да ги гласа уставните измени

admin

Беџети најавува широка коалиција за локалните избори, повикува на предвремени парламентарни избори

admin

Зошто во Франција сега ќе биде комплицирано

admin

Судењето за „Онкологија 2“ продолжи со сведочење за финансиски неправилности

admin

Касами: Македонија ќе го замени терминот „20%“ со „албански јазик“ во Уставот

admin