5.8 C
Скопје
26 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Мистериозен американски воен авион слета во Москва – Кремљ вели дека не знае зошто

Американски воен транспортен авион слета во вторникот на московскиот аеродром Внуково, покажаа податоците од сервисот за следење летови Flightradar24, во невообичаен директен лет во Русија во период на застој во американско-руските разговори за Украина.

Големиот транспортен авион Boeing C-17 Globemaster III, со американска регистрација 07-7181, пристигнал директно од Рига, Латвија, и слетал во Москва околу 07:00 часот по Гринич.

Засега не е познато дали авионот превезувал патници или товар. Ројтерс не можел независно да го утврди тоа.

Кремљ соопшти дека нема информации за авионот и за причината за неговото пристигнување во Москва.

Според податоците за летот, авионот пристигнал во Рига на 23 август од американската воздухопловна база во Кемп Спрингс, во близина на Вашингтон.

Необичниот лет предизвикува внимание и поради реткоста на директни пристигнувања на американски авиони во Русија од Европа.

Последниот директен лет на авион регистриран во САД од Европа кон Русија бил во јануари, кога американските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер отпатуваа во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина.

Кремљ минатата недела соопшти дека засега нема информации за нова посета на Виткоф и Кушнер.

Американско-руските разговори за Украина во последниот период во голема мера се во застој, додека вниманието на Вашингтон е насочено и кон војната во Иран.

Нема официјална потврда дека денешното слетување на американскиот воен авион е поврзано со дипломатска мисија или со евентуално продолжување на преговорите.

Related posts

За 10 години 25.000 стручни кадри ја напуштиле Македонија

admin

Сиљановска-Давкова: Преименувањето на улици во Тетово треба да се реши инклузивно и со консензус

admin

Маѓар бара поддршка од Полска за обновување на односите со ЕУ по ерата на Орбан

admin

Меџити до Костадиновски: Ако сакаш политика, остави го Уставниот суд

admin

Трамп вели дека војната со Иран е „добиена“

admin

Ковачевски: Границата со Албанија само со едно застанување

admin