10.8 C
Скопје
8 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Црната кутија на ДУИ“ – ВЛЕН прашува дали Груби проговорил пред истражителите

Коалицијата ВЛЕН побара од Јавното обвинителство да соопшти до каде е постапката во случајот „Лотарија“ во кој е опфатен поранешниот вицепремиер Артан Груби, обвинувајќи ги обвинителските органи дека постапуваат бавно.

Од ВЛЕН велат дека се приближуваат шест месеци од определувањето домашен притвор за Груби и дека максималниот рок за оваа мерка, според нив, истекува на 22 август.

„Дали Артан Груби ја отворил устата, проговорил и поради тоа се одолговлекува целиот случај?“, прашуваат од ВЛЕН.

Партијата не понуди докази за ваквото тврдење, ниту наведе дека располага со информации оти Груби соработува со истражните органи.

ВЛЕН го отвори и прашањето за американските санкции против Груби и побара од домашните институции да соопштат дали и какви активности презеле по наодите на американските власти.

Од коалицијата го нарекоа Груби „црната кутија на ДУИ“, тврдејќи дека како поранешен висок функционер има сознанија за начинот на кој се носеле одлуки и функционирала партијата додека била на власт.

„ВЛЕН бара од Обвинителството да не игра криенка со правдата, туку да излезе и да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот ‘Лотарија’, каде се заглавени постапките и што презело по констатациите на американските власти“, се наведува во соопштението.

 

Related posts

Пет министри од ЕУ бараат данок на „екстра профит“ во енергетиката поради кризата

admin

Од Скопје до Белград различни реакции за Хаг: Гаши ги нарече осудените „ослободители на Косово“

admin

Собранието изгласа недоверба на Весна Дамева

admin

Мицковски: Од државотворна СДСМ се претвори во измеќар на ДУИ

admin

ВМРО-ДПМНЕ се појави и во Србија

admin

Ковачевски – Осуда за одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“

ninja