23.2 C
Скопје
8 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Аларм во Скопје: Седум новозаразени со Западен Нил, тројца во критична состојба

Седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил се регистрирани во Северна Македонија во текот на оваа недела, а тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани, соопшти Министерството за здравство.

Сите седум новорегистрирани случаи се од Скопје. По два случаи се регистрирани во општините Кисела Вода и Гази Баба, а по еден во Илинден, Бутел и Аеродром.

Новите случаи доаѓаат во период на зголемена циркулација на вирусот во земјата и регионот. Претходно Институтот за јавно здравје информираше за осум потврдени случаи во земјата, сите со тешка, невроинвазивна форма на болеста.

Западнонилската треска се пренесува главно преку убод од заразен комарец. Кај околу 80% од заразените инфекцијата поминува без симптоми, што значи дека бројот на инфекции може да биде значително поголем од бројот на лабораториски потврдени случаи.

Кај помал дел од заразените се јавуваат температура, главоболка, замор, болки во мускулите и други симптоми, додека кај помалку од 1% инфекцијата може да премине во тешка невроинвазивна форма, како менингитис или енцефалитис. Повозрасните лица и луѓето со хронични заболувања или ослабен имунитет се изложени на поголем ризик од компликации.

Зголемување на бројот на случаи е регистрирано и во соседството. Во Србија се потврдени првите два случаи годинава, додека во Грција здравствените власти пријавија раст на бројот на инфекции.

Здравствените власти препорачуваат употреба на репеленти, заштитна облека и мрежи на прозорците, како и отстранување на застојаната вода околу домовите, каде што се размножуваат комарците.

 

Related posts

БИХ: КАНДИДАТСКИ СТАТУС ВО ЕУ КАКО НАГРАДА ЗА НЕРАБОТЕЊЕ

ninja

Северна Македонија ја следи ситуацијата на Блискиот Исток, владата подготвена за економски мерки

admin

Поранешен украински функционер застрелан пред училиште во Мадрид

admin

Хамас вели дека е подготвен на долга војна со Израел

admin

Зголемени тензии меѓу албанските партии поради најновите владини случувања

admin

Сиљановска-Давкова повика на национален консензус и европски гаранции за патот кон ЕУ

admin