22.8 C
Скопје
29 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Секоја трета смрт во Македонија е од срцеви заболувања – 6.888 починати за една година

Кардиоваскуларните заболувања остануваат водечка причина за смртност во Македонија, со 6.888 починати минатата година, што претставува 34 отсто од вкупниот број смртни случаи, покажуваат податоците објавени по повод Светскиот ден на срцето.

Институтот за јавно здравје предупреди дека болестите на срцето и крвните садови и натаму претставуваат еден од најголемите здравствени ризици во земјата и повика на редовни превентивни контроли и навремено откривање на факторите на ризик.

Според објавените податоци, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност во земјата.

По повод 29 септември, Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организираше бесплатни превентивни прегледи и советување за граѓаните во Скопје.

Министерот за здравство Сашо Клековски, кој го посети пунктот за прегледи, порача дека превенцијата и редовното следење на здравствената состојба се клучни за намалување на ризикот.

Во фокусот на кампањата се редовното мерење на крвниот притисок и телесната тежина, контрола на ризик-факторите и редовното земање на препишаната терапија.

Здравствените институции предупредуваат и дека дел од симптомите на кардиоваскуларните проблеми често се игнорираат, што може да доведе до доцно откривање на болеста.

 

Related posts

Путин го поддржа американскиот план за окончување на војната; Трамп ѝ постави рок на Украина

admin

Се распушти вооружената ПКК, важен чекор за Турција без тероризам

admin

Буџет за 2024 – реален или предизборно напумпан?

admin

Тетово им вети 6.150 денари на првачињата, но парите ги нема: Што се случи со општинската каса?

admin

Четири милиони евра за Канје Вест ја запалија политичката сцена во Албанија

admin

Тајни притисоци и лиценци? Поранешен директор со тешки обвинувања кон врвот на БЕСА

admin