10.8 C
Скопје
2 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Новинарски хеликоптер падна во Лос Анџелес: Загинаа двајца членови на екипажот и лице на земја

Три лица загинаа, а две се пренесени во болница откако новинарски хеликоптер се урна во населбата Чатсворт во Лос Анџелес, додека известувал за друга тешка сообраќајна несреќа во која претходно загинаа две лица.

Телевизијата Ен-Би-Си Лос Анџелес потврди дека станува збор за нејзиниот хеликоптер „NewsChopper4“, кој го користела и телевизијата Телемундо 52.

Во хеликоптерот биле Елијана Морено и Џорџ Марцинив, кои загинале во несреќата, соопшти телевизијата, опишувајќи ги како ценети пријатели и колеги.

Третата жртва се наоѓала на земја во моментот кога хеликоптерот се урнал. Нејзиниот идентитет засега не е објавен.

Хеликоптерот паднал нешто пред 19 часот по локално време, меѓу два деловни објекти во Чатсворт, соопшти Противпожарната служба на Лос Анџелес.

По ударот избувнал пожар кој зафатил четири возила и два контејнери. На местото биле испратени повеќе од 70 пожарникари.

Во моментот на несреќата во областа имало неколку новинарски хеликоптери кои известувале за претходна сообраќајна несреќа.

Неколку часа порано, две лица загинале, а шест биле повредени откако теренско возило удрило во градски автобус во Чатсворт.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека е „целосно потресена“ од загубата на човечки животи во двете несреќи, додека гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, изрази сочувство до семејствата на жртвите и до вработените во Ен-Би-Си 4.

Причината за падот на хеликоптерот засега не е позната. Истрагата ќе ја води американскиот Национален одбор за безбедност во транспортот.

 

Related posts

Министерката Јаневска: Новата концепција за гимназиско образование ќе ги подобри резултатите на учениците

admin

Извештај: Измените на Кривичниот законик – услуга за корумпираните политичари

admin

Ердоган го повика Путин да дејствува со здрав разум

admin

Трамп договори руски дизел со Путин, Германија возврати: Санкциите остануваат

admin

Санкционирани танкери влегуваат во Заливот и покрај американската блокада

admin

Бил Гејтс вели дека вештачката интелигенција ќе ги застари Amazon и Google Search

admin