16.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Извештај: Измените на Кривичниот законик – услуга за корумпираните политичари

„Само што почнаа да се појавуваат некои мали знаци на напредок, судскиот систем во Северна Македонија (42) беше значително „нарушен“ со недемократски направените измени на Кривичниот законик“, се наведува во извештајот за Индексот на перцепција на корупцијата за 2023 година, објавен денеска од меѓународната организација Транспаренси интернешнел, јавува РСЕ, пренесува Инбокс7.

Понатаму се вели дека „одлуката да се намалат казните за злоупотреба на службената положба за лична корист и скратените рокови за покренувањето на правна постапка за сомнителни случаи на корупција е голема услуга за корумпираните луѓе: се проценува дека 200 случаи ќе бидат отфрлени, вклучително и оние против поранешни високи функционери. Политички мотивираните назначувања и разрешувања на судии предизвикуваат дополнителна загриженост за способноста на судството ефикасно да се бори против корупцијата“.

 

Извештајот покажува дека повеќето земји постигнале мал или никаков напредок во справувањето со корупцијата во јавниот сектор. Глобалниот просек на Извештајот за индексот на корупција останува непроменет и изнесува 43 – дванаесетта година по ред, при што повеќе од две третини од земјите имаат бодови под 50. Ова укажува на сериозни проблеми со корупцијата.

 

И според Индексот за владеење на правото, светот бележи пад на функционирањето на правосудните системи. Земјите со најниски оценки во овој индекс, исто така, имаат многу ниски резултати во најновиот извештај за индексот на корупцијата, што ја нагласува јасната врска помеѓу пристапот до правда и корупцијата. И авторитарните режими и демократските лидери кои ја поткопуваат правдата придонесуваат за зголемување на неказнивоста на корупцијата и, во некои случаи, дури и ја поттикнуваат со отстранување на последиците за сторителите. Влијанието на нивните постапки е евидентно во земјите насекаде, од Венецуела (13) до Таџикистан (20).

 

„Корупцијата ќе продолжи да напредува сè додека правосудните системи не можат да го казнат престапот и да ги држат владите под контрола. Кога правдата се купува, а политиката се меша во неа, народот е тој што страда. Лидерите треба целосно да инвестираат и да ја гарантираат независноста на институциите кои го почитуваат законот и се справуваат со корупцијата. Време е да се стави крај на неказнивоста на корупцијата“, рече Франсоа Валеријан, претседател на Транспаренси Интернешанал.

Related posts

Жртви и заложници од 23 земји на светот

admin

Како ќе се определи Алијанса – за промени или како досега?

admin

Станува ли меѓуградскиот превоз луксуз за младите?

admin

БАЛКАНОТ СЕ ОБЕДИНУВА ОКОЛУ ЗЕЛЕНАТА АГЕНДА

ninja

Статистика: Пораст на трошоците за живот

admin

Уставот на раскрсница: „Ако веќе се отвора…“

admin