13.8 C
Скопје
29 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бугарија врати 21 тон јаболка од Македонија поради забранет пестицид

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) спречила увоз на повеќе од 21 тон јаболка од Северна Македонија поради присуство на пестицид што е забранет за употреба во Европската Унија, објави во четвртокот бугарската новинска агенција „Фокус“.

Според информациите на бугарските надлежни служби, станува збор за пратка од 21.089 килограми свежи јаболка, која била подложена на лабораториско испитување при контролата на храната наменета за бугарскиот пазар.

Анализите покажале присуство на забранет пестицид, поради што пратката не добила дозвола да биде пласирана на пазарот на Европската Унија.

Бугарските власти соопштиле дека целата количина ќе биде вратена во Северна Македонија.

Неправилноста била откриена во рамките на засилениот надзор на свежото овошје и зеленчук што се увезува во Бугарија.

Од БАБХ најавиле дека контролите ќе продолжат со цел да се спречи продажба на прехранбени производи што не ги исполнуваат европските барања за безбедност.

Во објавената информација не се наведува кој пестицид бил откриен, колкава била неговата концентрација, ниту која македонска компанија ја извезла спорната пратка.

Исто така, не е соопштено од кој регион во Северна Македонија потекнуваат јаболката и дали биле наменети исклучиво за бугарскиот пазар или за понатамошна продажба во други земји од ЕУ.

Засега нема информации дали македонската Агенција за храна и ветеринарство била известена за резултатите од контролата и дали ќе спроведе дополнителни проверки кај производителот или извозникот.

 

Related posts

Излезни анкети: Коалицијата на Радев води на изборите во Бугарија

admin

Пендаровски одби помилување за Јанева, Кочан и Панчевски

admin

Нови глутници кучиња без маркици се појавија во Карпош, се бара истрага

admin

СТУДЕНТСКИ ОТПОР: МОН ГИ ПРИМОРУВА СТУДЕНТИТЕ ПАК ДА СЕ РАДИКАЛИЗИРААТ

ninja

Парите вложени за инфраструктура ќе се вратат повеќекратно

admin

„Бугари во Владата може, во Устав не може“ – нова политичка пресметка

admin