19.8 C
Скопје
11 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

По Самуил, може ли Софија да ги побара останките на Гоце Делчев од Скопје?

По пренесувањето на останките на цар Самуил од Грција во Бугарија, во дел од бугарската јавност повторно се отвори прашањето дали Софија би можела да побара и пренесување на останките на Гоце Делчев од Скопје.

Во авторски текст објавен пренесен од Fakti.bg, Бојан Бојанов оценува дека таков чекор формално би бил можен, но политички исклучително тежок поради актуелните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Останките на Делчев се во „Свети Спас“ во Скопје

Гоце Делчев загинал во 1903 година во судир со османлиските сили кај селото Баница.

Неговите останки подоцна биле пренесувани низ повеќе места, а во 1946 година од Софија биле пренесени во Скопје.

Денес тие се наоѓаат во црквата „Свети Спас“.

Прашањето за историското наследство на Делчев со години е едно од најчувствителните во односите меѓу Скопје и Софија, бидејќи двете страни имаат различни толкувања за неговиот национален и историски контекст.

Бугарија на 3 октомври ги презеде останките на цар Самуил од Грција по договор меѓу Софија и Атина.

Како дел од договорот, Грција доби 48 црковни реликвии, а останките на Самуил беа пренесени во Софија и положени во базиликата „Света Софија“.

Авторот на текстот оценува дека случајот со Делчев е многу покомплициран, бидејќи неговите останки се наоѓаат во Северна Македонија, каде што тој има централно место во националната историска меморија.

Без договор со Скопје нема промена

Според текстот, евентуално пренесување на останките би било можно само со договор меѓу двете држави.

Во моментов нема информација дека Софија упатила официјално барање до Скопје за таков чекор.

Авторот оценува дека отворањето на прашањето во сегашната политичка клима би можело дополнително да ги влоши односите меѓу двете земји.

Гоце Делчев е една од историските личности околу кои со години се води спор меѓу Северна Македонија и Бугарија.

За Северна Македонија тој е една од централните личности на македонското револуционерно движење, додека во Бугарија се нагласуваат неговите врски со бугарското национално и револуционерно движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Токму различните историски толкувања се една од причините поради кои темата останува политички чувствителна.

 

Related posts

БУБЕВСКИ: ЗАСТАРУВАЊЕТО НА ДЕЛОТО ЗА ДАРАВЕЛСКИ Е ГОТОВА РАБОТА, ОСТАНУВА САМО КОНФИСКАЦИЈАТА

ninja

Светот низ карикатури

admin

Таравари: Уставните измени ќе поминат, за во НАТО го чекавте Ахмети 20 години

admin

Грција меѓу најскапите туристички дестинации на Медитеранот

admin

Учебната година пред крај, дел од учебниците уште ги нема

admin

Обвинетите не чувствуваат вина, родителите со транспаренти – продолжи судењето за трагедијата во „Пулс“

admin