20.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Бујар Османи со силна осуда за руското признавање на Доњецк и Луганск

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи упати силна осуда за руското признавање на самопрогласените републики Доњецк и Луганкс во Украина, што се случи вечерва.

„Силно го осудуваме признавањето од страна на Русија на украинските области Доњецк и Луганск како независни“, напиша Османи на неговиот профил на „Твитер“.

Бујар Османи ВОА
Бујар Османи ВОА

Османи додава дека „ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право“.

„Македонија ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Османи.

Претседателот на Руската федерација, Владимир Путин вечерва ги потпиша указите со самопрогласените народни републики Доњецк и Луганкс, на истокот од Украина, ги призна за независни. Овие области се под контрола на проруските сепаратисти.

Неколку часа после ова признавање, Белата куќа од Вашингтон соопшти дека ќе воведе санкции за регионите Доњецк и Луганск.

Изјавата на Путин ги зголемува стравувањата на Западот дека Путин наскоро ќе ја нападне Украина.

„Очекувавме ваков потег од Русија и подготвени сме веднаш да одговориме“, изјави денес портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

„Претседателот Бајден наскоро ќе издаде извршна наредба со која ќе се забрани нови инвестиции, трговија и финансирање на лица во таканаречените Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск на Украина, исто така, ќе обезбеди овластување за воведување санкции за секое лице решено да дејствува во тие области на Украина“.

Реакции дојдоа и од европските земји. Европската унија објави санкции, а претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лаен и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, го нарекоа признавањето на овие сепаратистички области од Путин „еклатантно кршење на меѓународното право“./ VOA MK

Related posts

Над 4.1 милиони украинци се засолнети во ЕУ

admin

Торбешите во Уставот, камен на сопнување

admin

Вучиќ удри по демонстрантите, го обвини Западот за потикнување немири

admin

Почина Дарко Димовски, првиот човек на ССМ

admin

НАТО: НЕМА ДОКАЗИ ЗА НАПАД ОД РУСИЈА ВРЗ ПОЛСКА

ninja

Седум „слуги на народот“ подготвени за трка

admin