16.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЧЕШКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ЗА КОСОВО НЕ Е УСВОЕН

Шпанија и Шведска ја прекинаа таканаречената тивка процедура за визна либерализација за Косово. Како резултат на прекинот, не беше усвоен текстот според кој безвизниот режим би се укинал со стапување на сила на системот ЕТИАС најдоцна на 1 декември 2023 година.

Како што дознава Радио Слободна Европа (РСЕ) од дипломатски извори, Шпанија има забелешки за датумот наведен во текстот, кој се совпаѓа со мандатот на оваа земја на чело на Европската унија (помеѓу 1 јули и 31 декември 2023 година), а на Шведска, според истите извори, потребно и е дополнително време за консултации со парламентот.

Писмената процедура е поедноставен процес за усвојување на текстот, кој се смета за усогласен на крајот од рокот што го одредува Претседателството, освен ако не се спротивстави некоја земја-членка. Во овој случај, земјите-членки имаа рок до 16 ноември во 14 часот да поднесат какви било приговори. Реакцијата на Шпанија и Шведска автоматски ја прекина процедурата.

Чешкото претседателство со Европската унија (ЕУ) тврди дека се обидува да разговара за овие отворени прашања на билатерално ниво со земјите кои доставиле коментари и со тоа ја прекинале процедурата.

Претставниците на ЕУ се уште сметаат дека има простор овој документ да се најде на дневен ред на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на една од редовните средби до крајот на ноември, но со ажуриран компромисен текст.

Сепак, дипломатски извори предупредија дека 1 декември 2023 година, кој се појави во претходниот текст, нема да може да се повтори бидејќи би требало да се „прескокне“ шпанското претседателство со ЕУ.

Така, најраниот датум кога би стапил на сила укинувањето на визниот режим за Косово е 1 јануари 2024 година.

Related posts

Неверојатно: Авион на Wizz Air полн со патници слета на непозната локација

admin

Германија: Се шират протестите против десничарската АфД

admin

Опаѓа поддршката на граѓаните за членство во ЕУ, а само 24 отсто од нив ги поддржуваат уставните измени

admin

Субвенционирање на платите не е за цел приватен сектор туку само за три гранки

admin

Печалбарите преферираат кеш, а не банки за испраќање пари

admin

Предложен новиот амбасадор на ЕУ во Скопје: Заминува Гир, доаѓа Рокас

admin